Една од главните цели на Патриотско друштво е да ја запознае младината и македонската заедница со жртвата на нејзините предци. Од битката кај Ис во 333 година п.н.е, па сè до одбраната на Македонија во 2001 година, Македонците со крв ја испишале историјата на нивниот народ.
Борбата на фалангата, комитите, партизаните и бранителите е значаен дел од богатата македонска историја. Таа е доказ за посветеноста на нашиот народ кон вековните идеали. Новата маица на Патриотско друштво визуелно ја прикажува таа борба. Маицата има мотиви од овие четири важни ери и зашиен печ на ракавот. Иако некои цели се достигнати, натписот кажува сè – „Борбата продолжува“.