Патриотско Друштво

Борбата против Балистите

Борбата против Балистите

Борбата против Балистите и општо борбата против албанскиот фактор во Македонија има длабока историја. Занемарувајќи ги кратките периоди на соработка помеѓу албанското и македонското националноослободително движење, односите меѓу двете страни главно не биле добри. Тоа се должи на фактот дека албанските банди со векови го тероризирале населението во западна, но и во цела Македонија. Григор Прличев зборува за теророт на Гегите во неговото дело Сердарот. Кон крајот на 19 век локалното население во југозападна Македонија го искажало своето незадоволство во форма на Демирхисарскиот заговор и Струмичка афера.

Со пристигнувањето на првите воени единици за време на Втората светска војна, Македонија била поделена помеѓу неколку окупациски сили. Таа била центар во која дејствувале и бројни паравоени организации. Една од нив била и Бали Комбетар – албанската колаборационистичка организација која била лидер на балистичкото движење. Обединети под една идеја, која воедно е позната на сите нас и ден денес, балистите вршеле невидени злосторства во Македонија. Се разбира, се работи за идејата за Голема Албанија. Балисти како Мефаил Еипов и Џемо Хаса имале големи чети кои ги користеле за борба против партизаните, но и за напаѓање на цивилното население. 

Кон крајот на 1943 година се одиграле неколку поголеми битки меѓу македонските партизани и балистичките единици во соработка со Силите на Оската. Првата од нив е таа кај Буковиќ. Се работи во битка во која на страната на Балистите учествувале и германски сили. Балистите се одлучиле да го заземат реонот околу Буковиќ во Кичевско како прв чекор кон заземањето на самиот град. Пределот околу Буковиќ го бранела младинската чета на баталјонот „Мирче Ацев“. Во битката загинале 32 од вкупно 37 млади Македонци и Македонки. Само пет дена подоцна во истиот регион на Македонија дошло до нова битка. Станува збор за битката кај Кленоец каде бројот на македонски жртви бил трипати поголем. Селото било запалено по крајот на битката. Голем број од македонските партизани биле застрелани во тилот или пак заклани од Џемо Хаса и останатите Балисти. 

Иако комунистичките власти во Југославија и Албанија се справиле со поголемиот дел на Балистите, нивната идеја денес е пожива од било кога. Доказ за тоа е општата состојба во Македонија. Споменици на истакнати балистички дејци се наоѓаат на територијата на државата, како тој на Џемо Хаса во Симница или тој на Акиф Речани во Речани. Организациите се менуваат, но идеалот за Голема Албанија останува ист. Она што беше Бали Комбетар пред 80 години продолжи и во новиот век со УЧК. На целата помош која Албанците ја добија од Македонија за време на Косовската криза, тие возвратија со иницирање на меѓуетнички конфликт кој испадна кобен за Македонците во својата држава.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks