Патриотско Друштво

Зошто Никола Карев не е во Македонската Химна?

Зошто Никола Карев не е во Македонската Химна?

Зошто Никола Карев не е во македонската химна?

Никола Карев: Биографија

Никола Карев. Македонски социјалист. Поборник. Револуционер. Востаник. Се чини забораваме кој е човек додека не погине за она во кое што и ние сами веруваме и од каде сме. 

Она што го знаеме денес за Никола Карев е дека е роден во село Рајчани, Кочани, на 23ти Ноември, 1877. Тој не само што бил првиот македонски претседател и раководител на Крушевската Република, бил и меѓу првата борбена линија на Македонската Револуционерна Организација (МРО) основана од Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Ботаничев, Христо Татарчев, Андон Димитров и Иван Хаџи Николов позната уште и по својот ѕвонлив слоган Слобода или Смрт. 

Никола, роден како четврто дете во сиромашно семејство Кареви, го прекинува школувањето за да се вработи како чирак на столар, а во 1895 година на само 16 години го напушта својот роден крај и заминува на печалба во соседна Бугарија. 

Таму своите почетоци ги бележи како помошник ѕидар, а потоа неговиот пат се вкрстува со Васил Главинов, основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, и кај него работи како столар, иако набрзо и самиот се вклучува во поткрепа на Македонска социјалистичка група на Главинов и заедно со него ја основаат Македонско-одринско-социјал-демократската група во 1896 година. 

Тој се враќа во септември 1899 година за да го дозаврши своето образование. И навистина, во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската бугарска класична гимназија, па станува црковен учител во Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на служба во Крушевската прогимназија.

Крушевската Република и Почетокот на Илинденското Востание 

На раководство на Крушевскиот револуционерен комитет Никола Карев застанува во јануари  1903 година. Негово верување било дека македонскиот народ се уште не е спремен за кревање востание, но сепак зема активно учество во подготовките на истото, по одлуката на мнозинството за време на Смилевскиот конгрес. 

Карев, во име на Штабот, објавува Проглас каде го повикува народот да се крене. Така, на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од Никола Карев, го нападнале Крушево и ја запечатиле неговата слобода. 

Во Софија, Карев ја обновува својата активност во формирањето на Македонско-одринската работничка социјал-демократска група во 1905 година, како гранка на Бугарска работничка социјалдемократска партија. 

По неуспешните обиди легално да се врати дома, пролетта истата година, решава тоа да го стори по секоја цена. За Македонија тргнува со товар социјалистичка литература и решава дека сака да се посвети на социјалистичка дејност откако ќе се врати дома.

На пат за Крушево, на 26 април 1905 година, неговата чета се засолнила во Рајчани  (село во Кочанскиот регион) за да преноќи. Но, тука четата несреќно паднала во рацете на турскиот аскер. 

Никола Карев загинал следниот ден, кај месноста Свиланово, заедно со многумина од четата.

Неговите посмртни останки, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево, 1953 година, а конечно стационирани во Македониумот на 11 Април 1990 година.

Што вели за тоа Трајко Карев, внук на големиот македонски револиционер и војвода Никола Карев?

“За несреќа, било недела, а во соседното село имало свадба. Развеселени, почнале да пукаат. Стражарот помислил дека е аскер, влегол во селото и ги известил комитите. За да ги спасат селаните, комитите во ноќта почнале да се повлекуваат. Наишле на едно напуштено трло, каде што имало заседа. Отвориле оган. Се биеле 24 часа, ден и ноќ. Некои од комитите сеповлекле, други загинале, Никола Карев останал со осум души. Кога веќе снемале муниција и немале со што да се борат, детонирале бомба и сите загинале. Тогаш Петре Ацев, прилепчанец го известил Петруш, дека брат му, Никола Карев, загинал. Било 27 април 1905 година “ – се сеќава Трајко Карев, кој сега има 76 години.

 

Химната на Република Македонија и Карев 

Интересно е тоа што денешната верзија на химната на Република Македонија како што денес ја знаеме усвоена од 1991 година гласи: 

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата.
Македонците се борат
за своите правдини.

Одново сега знамето се вее
на Крушевската Република,
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
нови песни, нови весници:
Македонија слободна,
слободно живее!

Ја знаеме како таква и гордо ја пееме. За волја на вистината,  тоа сепак не е оригиналната, изворна верзија иницијално изведена од воспевното трио на Васка Илиева, Александар Сариевски и Никола Бадев (напишана 1941 година од Владо Малески) во која името на првиот Македонски претседател и основач на првата Република на Балканот стои овековечено низ стихови: 

Одново сега знамето се вее (Од гроб станаа славните ѕидари) 

На Крушовската република!

На Гоце Делчев, Питу Гули,

Карев, Влахов, Сандански,

На Гоце Делчев, Питу Гули,

Карев, Влахов, Сандански. 

“Во април таа 1904 година, чичо ми Петруш успеал да ја пронајде и да ја откопа архивата на Крушевската Република. Сместена во кираџиски самар, драгоцените македонски документи во мај веќе биле во Бугарија, каде што му биле предадени на Даме Груев. Чичко ми Петруш кажуваше дека кога стигнал во Софија, Никола веднаш го однел во кафеаната каде што ги чекал Груев. Предавајќи му ја архивата тој му рекол на Даме дека презема голема одговорност врз себе. Чичко Петруш кажуваше дека Даме Груев дури и му се заканувал на Никола, кој долго одлагал да ја однесе архивата во Софија. Во кафеаната каде што била донесена и предадена архивата, заедно со Даме Груев бил и Борис Сарафов, човекот што ја издејствувал одлуката за предвремено востание, на која Никола, исто така, се спротивставил во Смилево. Како и да е, оттука натаму претседателот на Крушевската република веќе немал никаков увид во тоа каде е и што се случува со архивата на Републиката” – вели Мише Карев, внук од брат на македонскиот револуционер и војвода Никола Карев.

Мише вели дека се сеќава оти во првичната изведба на националната химна бил спомнат и Никола при што отишол на разговор кај Димче Аџимитрески, правник, национален и комунистички деец, и декан на вишата економска школа кој имал врска до власта. 

„Во 1953 година, на педесетгодишнината од Илинденското востание, Лазо Колишевски не собра во Владата мене, Злате Биљановски, Страхил Гигов и уште неколкумина. Се отвори дискусија околу значењето на Илинден, и тогаш некој од присутните, ми се чини Страхил Гигов, предложи Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и другите да ги прогласиме за Бугари. Тоа го образложи со загриженоста дека ако наводно се продолжи со практиката тие да бидат спомнувани како досега и за нив да се пеат толку многу песни, ќе станат поголеми и од нас“, му одговорил Аџимитрески на Мише.

Уште еден интересен извадок од сеќавањата на Мише за чичко му е поврзан со интервјуто на Никола Карев за грчкиот весник Акрополис, 8 Мај 1903 година:

“Чичко ми Петруш кажуваше дека Никола, три дена, во август 1903 година, лично му го диктирал на Никола Киров Мајски, негов братучед, познатиот Манифест на Крушевската Република. И тој оригинален запис на Манифестот, заедно со сите други белешки, биле однесени во Софија, заедно со архивата на Горскиот штаб и на Владата на Крушевската Република. Единствено нешто што успеавме да зачуваме дома е портретот на Никола од 1901 година, врамен во рамка од ореово дрво. И рамката и фотографијата се постари од сто години. Ги чуваме во семејството како најскапоцено нешто. Чувам и некои фотокопии на документи до кои имам дојдено последниве неколку децении, како што е неговото интервју за грчкиот весник ‘Акрополис’, дадено на грчки новинар на 8 мај 1903 година во Битола. Во интервјуто направено само три месеци пред Илинденското востание, Никола Карев на грчкиот новинар отворено му кажува дека е Македонец, но и дека се смета за потомок на Александар Македонски. Исто така, во тоа интервју, Никола вели дека македонскиот народ ‘сака пријателство не само со Бугарија, туку со секој кој ќе ни помогне да се ослободиме’, а истовремено потсетува дека засега не останува ништо друго ‘освен да ја продолжиме борбата” – вели тој.

Никола Карев: Низ Денешна Призма

Никола со својата решителност и посветеност во формирање на македонската држава од темели има огормна заслуга во создавањето на Република Македонија. Долга е раката на ВМРО, но и делата на Карев.

Сведок за тоа се многуте образовни институции кои денес го носат неговото име и со тоа сведочат не само за неговото постоење ами и за наследството кој тој го има оставено на македонскиот народ. Денес ги имаме:

Основно Училиште “Никола Карев” – Радовиш

Студентски Дом “Никола Карев” – Охрид

Средно Училиште на Град Скопје – Гимназија “Никола Карев” 

Средно Општинско Училиште “Никола Карев” – Струмица

Во спомен на Никола Карев изграден е и споменик во негова чест кај селото Тркање, во околината на Кочани кој е притоа и единствениот споменик во селото. 

Истотака, Родољуб Анастасов, сликар и еден од создателите на македонската апстрактна уметност го има насликано Карев заедно со Павел Шатев, Христо Татарчев, Владислав Ковачев, Тодор Александров, Дамјан Груев, Гоце Делчев, Димо Хаџи Димов, Иван Михајлов, Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански. 

Групата од 12 дејци се оние кои ни помлаку ни повеќе го дале живтотот за Македонија и Родољуб ги нарекува апостоли на ВМРО. 

Овој назив е достоен за секој еден од овие 12 македонски дејци, но можеби некои би го нарекле истиот контроверзен. 

Што мислите вие?  

Накусо:

  • Никола Карев е првиот македонски претседател и раководител на Крушевската Република
  • Бил еден од членовите на Македонската Револуционерна Организација (МРО) и предводник на Илинденското Востание
  • Со 750 востаници на 2 август 1903 го ослободува Крушево
  • Станува дел од 12 Апостоли на ВМРО насликани од раката на Родољуб Анастасов
  • За Акрпололис (грчки весник) во 1903 храбро вели дека себеси се смета потомок на Александар Македонски
  • Потекнува од сиромашно семејство и по занимање бил ѕидар 
  • Неговото име стои во оригиналната македонска национална химна напишана од Владо Малески 
  • Брат му Ѓорѓи Карев по Втората светска војна е убиен во Идризово и неговиот гроб се уште не се е пронајден 
  • Споменикот на Никола Карев е во село Тркање, Кочанско
Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks