Патриотско Друштво

Македонската братска меѓусебна војна

Македонската братска меѓусебна војна

Првата светска војна била еден од глобалните конфликти кои го обележале 20. век. Поради завојуваните братски и европски народи, за војната често се вели дека била братоубиствена. Но на ниту едно место во светот не бил толку истакнат овој братоубиствен карактер како на територијата на Македонија. 

Претходници на Првата светска војна на овие простори биле Балканските војни, а нивна последица биле Букурешкиот договор и поделбата на Македонија. Соседните асимилаторски политики продолжиле и се засилиле во Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, соодветно. Кога избувнала Големата војна, трите држави извршиле масовна мобилизација на македонското население. Најголема мобилизација извршила Бугарија (~120.000), а помала имало во српската (~53.000) и грчката окупациска зона (~20.000). Бројката од околу 50.000 жртви е општоприфатена цифра на загинати македонски војници и цивили.

Анти-српскиот сентимент кој бил доминантен меѓу локалното население придонел за тоа дури 28.000 од планираните 80 илјади војници да избегнат мобилизација. Не само што биле присилени да се борат, војната на западниот фронт не била од никакво значење за нив. Затоа тие често се предавале на непријателската војска. Од тие што успеале да ја избегнат мобилизацијата, многу избегале во Бугарија каде подоцна биле приклучени во бугарските воени редови. 

Македонците во Бугарската армија имале сопствени чети и полкови, а ја имале и 11-та македонска дивизија во чиј состав имало над 33 илјади Македонци. Истакнати командири во оваа дивизија биле Александар Протогеров, Петар Дрвингов и Борис Дрангов. Покрај редовните чети во армијата биле вклучени диверзантските чети на Тодор Александорв. Значителен дел од Македонците во бугарската армија доброволно војувале на нивна страна, најмногу поради ветувањата за самостојна или автономна држава по завршување на војната. Голем удел во ова доброволно војување имала и безмилосната српска окупација на Вардарска Македонија. 

Во 1915 година бил отворен и Солунскиот (Македонски) фронт, кој создал дополнителни проблеми за населението. Луѓе од исти населби, села, па и семејства, војувале едни против други на бруталниот фронт. Особено впечатлива е приказната на браќата Митре и Петре од мариовско кои биле регрутирани во српската армија. Малку подоцна, Петре бил заробен од Бугарите и пратен да се бори на фронтот на Кајмакчалан, против неговиот брат. Има многу вакви приказни за Македонците во Првата светска војна – војна на која и посветуваме премалку внимание, главно бидејќи македонското прашање останало нерешено по нејзиниот крај. 

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks