Патриотско Друштво

Македонско (Кресненско) востание

Македонско (Кресненско) востание

Само две години по Разловечкото востание, во Македонија било кренато едно многу поголемо востание против османлискиот окупатор. Македонското востание, познато и како Кресненско, било нов бунт на македонскиот народ против неправдите и вековното ропство. Берлинскиот конгрес завршил истата 1878 година и тој предвидувал големи отстапки во корист на автономноста на Македонија. Откако Големата Порта не покажала намера за почитување на овие одлуки, револуционерниот дух на народот уште повеќе се разгорел.

Разликата меѓу Разловечкото и Кресненското востание била евидентна при самите подготовки. Тие биле многу помасовни и во нив се вклучиле видни македонски дејци. Дополнително, голема улога во спремањето и текот на востанието имале благотворителните комитети од Бугарија. Ова биле и првите знаци на мешање на бугарски организации во револуционерното дело на Македонците. Тие испратиле неколку странски водачи кои требало да имаат важна улога во востанието. За главен водач бил избран Стојан Карастоилов. Планот бил востанието да се крене во малешевско-кресненскиот крај, бидејќи тука револуционерниот дух бил најсилен. Потоа би продолжиле по текот на Струма сè до Егејското море, а планирано било подоцна востанието да се прошири и кон долината на Вардар.

Првиот напад бил изведен во Кресна, во утринските часови. Познавањето на локалниот терен од страна на Стојан Карастоилов придонело за брзата победа на Македонците. Откако Турците виделе дека се работи за добро организирана чета на борци, тие се предале без голем отпор. Заробените Турци најпрвин биле испратени кај благотворните комитети, но по бројни забелешки биле вратени на востаниците. Сепак ова било востание на македонскиот народ, а не на некои комитети од Бугарија. Борбата набрзо се префрлила и на другата страна на реката Струма. Жестоки битки се воделе во селата Брезница, Будилци, Сливница, Брезник и Мораска. Формираната слободна територија се протегала од Џумаја на север до Белица на југ. Бил ослободен целиот Каршијак. Дополнителни чети од Македонија почнувале да дејствуваат и во западните краишта, веднаш зад грбот на турските војски.

Македонските војводи сакале да ги зацврстат освоените територии. Бил формиран правилник, народна власт, полиција и регуларна војска. Било сторено сè да се избегне ситуацијата во која се нашло недоволно организираното Разловечко востание. Бугарските комитети не можеле да седат мирни и да гледаат како Македонците сами се борат за нивната слобода. Преку нивните војводи пробувале да ги сменат плановите на востанието, а со тоа дошло и до раскол меѓу самите востаници. По нивна наредба бил убиен војводата и водач Стојан Карастоилов, а на Беровски му биле одземени должностите. Поради ова мешање дошло до постепено слабеење на силите и евентуално задушување на востанието.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks