Патриотско Друштво

Права на Албанците пред 2001 година

Права на Албанците пред 2001 година

За време на Косовската војна Македонија има прифатено барем 150.000 албански бегалци. Некои извори ја ставаат оваа цифра дури и до 300.000. Држава со население од два милиони жители нема ни приближно доволно капацитети за сместување на стотици илјади бегалци, но сепак, македонските власти направија сè во нивна можност да ги примат жртвите на соседната војна. Уште повеќе, тие бегалци добија нов дом и нови државјанства. Ова е само едно од бесконечните добри дела кои Македонија ги има направено за албанското население. Сево ова не ги спречи терористичките елементи на истата нација да започнат замислена борба за правата на Албанците во Македонија.

Албанците во Македонија пред 2001 ги уживале сите човечки, демократски и политички права. Имале пропорционален број на претставници во Владата и Собранието. Еден од албанските министри во кабинетот во 1999 бил Џевдет Насуфи, истиот кој ја оневозможи екстрадицијата на терористот и вујко на Али Ахмети, Фазли Велиу. Понатаму, Албанците отсекогаш имале свој театар, училишта, телевизија и признаен јазик. Единствено нешто што недостасувало на оваа листа се вработувањата по етничка припадност. Тие всушност не се никакво право, но сепак се една од главните придобивки на Охридскиот рамковен договор.

Во 1997 година во Гостивар и Тетово избувнаа протести поврзани со веењето на албанското знаме на општинските згради. Градоначалниците Руфи Османи и Алајдин Демири одбија да ги спуштат противуставно кренатите знамиња, па македонската полиција и специјални единици беа принудени да интервенираат. По извршени напади со автоматско оружје врз полициските сили, започна низа престрелки и апсења. Главните албански партии ПДП и НДП формираа краткотрајна паравоена полиција. Несфатлив е ставот дека малцинство без права можело да дојде до степен до формирање на паравоени единици, но деветтојулските инциденти сепак станаа едни од предвесниците на конфликтот од 2001 година.

Покрај тетовските и гостиварски инциденти, конфликтот од 2001 имаше уште неколку претходници низ годините. Имено, во 1999 година независна Македонија ја доби првата воена жртва. Благојче Крстаноски беше убиен од снајперски оган во близина на косовската граница. Една година подоцна, тројца македонски полицајци ги изгубија животите при подмолен напад организиран од таканаречената „ОНА“. Со вакви провокации и убиства македонската страна можеше оправдано да изврши акции против радикалните сили. Сепак, Македонците беа тие што беа принудени да се бранат, а ОНА го започна крвавиот конфликт во 2001 година.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks