Патриотско Друштво

2001: Злодела извршени од албанските терористи

2001: Злодела извршени од албанските терористи

Терористичките единици на албанската „ОНА“ имаат извршено неколку грозоморни масакри за време на војната од 2001 година. Иако странски и домашни политички фактори успеаја да ги амнестираат терористите а меѓународниот суд во Хаг им помогна во тоа, семејствата на загинатите и целата македонска нација се сеќаваат на жртвите од овој конфликт. Овие настани се само уште еден доказ дека ОНА не е никаква ослободителна армија туку терористичка банда која има за цел да ја загрози стабилноста на Македонија и да уништи сè македонско.

Масакрот кај Вејце се смета за најбруталниот масакр во поновата македонска историја. Тој се случува на 28 април 2001 година кога припадници на СВР Битола и БСН „Волци“ се нападнати од заседа на патот помеѓу селата Селце и Вејце во Тетовско. Македонија губи осуммина храбри синови, а уште шестмина припадници на силите се повредени. Тука се покажува и бруталноста на албанските терористи. Македонските бранители биле брутално масакрирани и живи запалени.

Нешто повеќе од месец дена од грозоморниот настан, тетовско сведочи на уште едно злодело. Кољо Китанов, Исак Руфати, Пеце Матически, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски се убиени од кукавичка заседа на патот Гајре – Шипковица. Македонските сили беа распоредени во две возила кои беа нападнати во период од неколку минути. Жртвата на Македонците е сè уште завиткана во мистерија и не се знае кој ја издал наредбата по која тие се движеле низ оваа зона без придружба. 

Уште еден нерасветлен случај е Масакрот кај Карпалак. Два дена пред да се случи масакрот беше повлечен полицискиот пункт од месноста без да бидат известени соодветните органи. Македонскиот конвој од 120 резервисти кој бил пратен да ги замени силите во Тетово беше нападнат со ракетни фрлачи и тешки митралези. Едно од возилата беше погодено со ракетен фрлач и тука загинаа десет македонски војници. Следеа тешки повеќечасовни битки за извлекување на преживеаните припадници на конвојот.

Само два дена по масакрот кај Карпалак, македонските сили губат уште осум припадници. Имено, воен камион на АРМ нагази на две противтенковски мини кај Љуботенски Бачила. Овој инцидент предизвика реакција од безбедносните сили кои влегоа во селото Љуботен. Акциите на МВР и АРМ во Љуботен беа тема на единствениот случај од конфликтот кој заврши на судот во Хаг. Пред Хашкиот суд се најдоа Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. 

Повеќето синови на Македонија ја преживеаја бруталната борба против нечовечкиот непријател. Сите ние дадовме по нешто, но некои од нив дадоа сè. Вечна им слава на загинатите бранители на Македонија.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks