Патриотско Друштво

2001: Операција Ваксинце

2001: Операција Ваксинце

Во текот на операцијата „МХ-2“ македонските сили забележале дека терористите почнале сè повеќе и повеќе да се кријат меѓу цивилното население. Чистењето на село по село било значително потешко, а АРМ имала дополнителен притисок од меѓународната заедница која се трудела да ги запре акциите на Армијата. Вреди да се спомене и дека хеликоптери на НАТО и КФОР без никаква дозвола го прелетувале просторот на дејствување. И покрај сите напори, АРМ продолжил со успешно чистење на селата. Веднаш по „МХ-2“ е исчистено и Лојане без никакви проблеми.

Додека траеле овие акции, воениот врв испланирал нова операција за опколување на селото Ваксинце. Бидејќи во тоа време претседателот бил надвор од државата, операцијата била одобрена од Стојан Андов, а подоцна и од министерот за одбрана Владо Бучковски. Во меѓувреме, откриен е уште доказ за соработката на меѓународниот фактор со ОНА. Имено, во неговата книга „Сведоштва 2001“ генералот Панде Петровски пишува: „На влезот во с. Слупчане [Дејвид Фоли] го пречекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и се избакнал и после тоа влегле во селото“

Операцијата „Ваксинце“ започнала на 25 мај во осум часот. Покрај Ваксинце, цели на операцијата биле и Слупчане, Оризаре и Отља. Операцијата започнала по планираното и единиците набрзо стигнале кај селата. Спротивно од притисоците на меѓународната заедница, генералот Панде Петровски повикал дополнителни сили за помош во Ваксинце. Тоа биле единици од Шестиот одред – „Волци“. Армијата активно учествувала и во извлекувањето на цивилите од Ваксинце кон Табановце и Речица. Во чистењето на просторот северно од Ваксинце терористите претрпеле огромни загуби. Македонските служби пресретнале информации од ОНА во кои се зборувало за општата паника на ОНА во Кумановско поради загубените терористи.

„Ваксинце“ била уште една операција карактеризирана со мешање на странските фактори. Американскиот воен аташе Роберт Линч настојувал да се меша во сите операции на Армијата. За време на оваа операција сакал да влезе во селото Ваксинце. Наводно го интересирало потеклото на запленетото оружје. Тоа веројатно е и вистината, но оружјето го интересирало бидејќи се плашел да не се открие дека терористите имале и американско оружје во своите редови.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks