Патриотско Друштво

2001: Разоружување и епилог на конфликтот

2001: Разоружување и крај на конфликтот

На сите сведоци на војната во Македонија, а посебно на македонското население, му е јасно дека конфликтот бил апсолутна воена победа за македонските сили. Добрата подготвеност на АРМ и МВР против неорганизираните албански терористи довела до успешно изведување на скоро сите операции, и покрај мешањето на различни странски фактори во работата. На крајот, конфликтот не бил завршен по воен пат туку политички. Потпишан е познатиот Охридски рамковен договор, договорот чии последици ги трпиме и денес, над 20 години подоцна. Охридскиот рамковен договор дава значајно поголеми права на албанското мнозинство во Македонија и гарантира дополнителни придобивки, како што се познатите „рамковни“ вработувања од кои патиме две децении. За возврат, од албанската страна имаме добиено само поголема омраза кон Македонците и елементарно непочитување на сè што е македонско.

Неколку дена по потпишувањето на рамковниот договор е донесена одлука да се прекинат воените дејствија и да започне процесор на разоружување. Македонските сили под притисок на НАТО прекинале со сите воено-воздушни операции и го повлекле потешкото наоружување од активните зони. Генералот Панде Петровски во неговата книга „Сведоштва 2001“ открил дека артилеријата, оклопните транспортери и тенковите биле вратени назад во касарните. Уште повеќе, тенковскиот баталјон Т-72 бил преместен дури до Струмица. Со цел да не се открие потеклото на оружјето на ОНА (имено, потекло од НАТО членки), членови на Армијата најчесто не биле присутни во процесот на разоружување. Иако однапред било договорено на секој пункт да има присутни припадници на АРМ и МВР во униформа и цивилна облека, ова не било почитувано.

Иако бил потпишан прекин на огнот, тоа не ги спречило терористите да продолжат со воените акции и злосторства. Дури три месеци подоцна во заседата кај Требош се убиени три припадници на македонските сили. Во кукавичката заседа загинале Драго Маневски, Оливер Петрушевски и Бобан Трпков – три храбри членови на единицата „Лавови“. Во август 2002 година животот го губат и Даил Јанкоски и Александар Николиќ. Одговорноста за овој напад ја презела „АНА“. Сè на сè, македонските безбедносни сили во 2001 година покажале дека се спремни да ја одбранат татковината. И покрај сите притисоци и попречувања, терористичката ОНА изгуби илјадници членови во само неколку месеци. Слава им на загинатите херои!

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks