Патриотски приказни
Шест бугарски митови за Македонија
1. “Македонците отсекогаш биле Бугари.”
– Смешна теза која тешко дека вреди да се дискутира сериозно. Пред 9 век Македонија нема допирна точка со бугарското име и бугарската држава (значи не е отсекогаш), освен доаѓањето на Кубер и неговата орда од Бугари (тогаш азијати) и мнозинство ромејски заробеници, која во околината на Солун се распрснала и не оставила никаков долготраен белег во Македонија. Македонските Словени живееле одвоено од бугарските Словени повеќе отколку што живееле во иста држава. Крвно Македонците не се поврзани со Бугарите повеќе отколку што се поврзани со другите соседни народи, освен можеби во поново време како резултат на бројните македонски миграции во Бугарија од 19 и 20 век.
Корените на идентитетот: Од средновековните Словени до современата нација
2. “Македонската нација постои од 1944.”
– Ниту една нација не започнува да постои преку ноќ, на специфичен датум. Оваа теза лесно може да се побие со посочување на активноста на македонистите пред споменатата година, кои во своите дела ја аргументирале правилноста на идејата за македонска национална посебност. Формирањето на македонската нација бил децениски процес кој земал замав во меѓувоениот период, а особено во текот на ВСВ.
Кој навистина ја „измисли“ македонската нација?
3. “Србите ја измислија македонската нација.”
– Вистина е дека Србите во одреден период го користеле македонскиот национализам како алатка за постигнување на свои цели, но не е вистина дека ја измислиле македонската нација. Бугарскиот политичар Петко Славејков уште во 1871 г. пишувал против дејноста на македонистите, кои се појавиле во 1860-тите, кога Србија сѐ уште немала развиено силна пропагандна дејност во Македонија. Најистакнатите македонисти, кои Бугарите ги означуваат како србомани, најчесто пишувале подеднакво против српската, колку што пишувале против бугарската пропаганда.
4. “Комунистите ја измислија македонската нација.”
– Комунистите биле првиот значаен политички фактор кој отворено ја афирмирал и поддржал македонската национална самобитност, но смешно е да се вели дека Тито, Сталин или Коминтерната ја измислиле македонската нација, чија национална мисла започнала да се развива пред раѓањето на било кои од споменатите личности и организации – тие единствено донеле правилна одлука за нејзино поддржување.
Манипулација со жртвите: Историски фалсификати и политички притисок
5. “Во времето на македонскиот/југословенскиот комунистички режим десетици илјади Бугари се убиени или пратени во логори.”
– Оваа теза, некаков пандан на еврејскиот Холокауст (но помалку веродостојна), е плачлив крик типичен за националните митологии, кога се преувеличуваат значењето и бројките на историски настани за да се постигне некаква цел. Бугарите, преку оваа смешна теза, сакаат да прикажат дека тие биле жртви и праведни маченици. Бројките кои ги спомнуваат се научна фантазија и немаат никаква реална основа во историската наука, литература или документација, а единствената основа е во заблудените бугарски шовинистички кругови и умови кои се раководат од емоции, а не историската реалност.
Реалноста на теренот: Пописи, пасоши и егзистенцијален прагматизам
6. “Во Македонија живеат стотина илјади Бугари.”
– За време на попис (2021) во Македонија спроведен од власт која целосно се откажа од македонските национални позиции, за Бугари се изјаснија 3.504 лица. Негирањето на таа бројка е еднакво на македонското негирање на бројката на лица со македонска самосвест во Бугарија. На јавните пробугарски настани во Македонија можат да се забележат едните исти десетици лица кои отвораат клуб во Битола, истите тие подоцна отвораат клуб во Охрид, истите се појавуваат на бугарски телевизии и социјалните мрежи. Да имаше стотина илјади Бугари во Македонија сликата ќе беше многу поразлична, а тоа што одредени Бугари ја истакнуваат бројката на лица кои извадиле бугарски пасош (чин кој и најмалите деца знаат дека е од економски причини) како бројка на лица со бугарска самосвест во Македонија е израз на психичка состојба (денијализам) во која свесно се негира реалноста поради менталната неспособност за соочување со неа.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери