Патриотски приказни
КОМУНИСЛАМ – несвет сојуз
ЛГБТ+ знамиња, комунистички пароли и извици „Алах акбар“ – низ Западот ова е сосема нормална слика на левичарски и пропалестински протести, а на некои од нив видовме како се манифестираат меѓусебните идеолошки разлики преку судири околу истакнувањето на геј знамиња.
Гледиштата и крајните интереси на двете страни не си одговараат. Комунистите ја гледаат секоја религија како алатка за угнетување на народот, додека муслиманите се буквално религиозна група. Знаеме какви гледишта имаат западните комунисти за жените и хомосексуалците, а знаеме како тие се третирани во исламските земји – општо едните се залагаат за егалитаризам, а другите се водат според строга и традиционална општествена хиерархија. Станува збор за два различни светогледи кои се стремат кон воспоставување на две различни општества.
Здружување против заеднички непријател
Како што тоа често се случува низ историјата, две спротивставени страни се здружуваат против заеднички непријател. Таа трета страна која ги обединува комунистите и исламистите во еден несвет комунисламски сојуз е Западот.
Тука треба да се биде внимателен: не Западот во смисла на анти-колонијализмот и анти-империјализмот – тоа било некогаш. Тоа што го придвижува овој фронт денес е омраза кон општата западна цивилизација, христијанството и белите луѓе. Противникот не е само САД, туку секоја една европска и западна белечка земја, без разлика дали е/била империјалистичка и/или колонизаторска сила, а ова тврдење се потврдува преку медиумската антибелечка, антихристијанска реторика и постоењето на комунисламски фронтови дури и во помалите земји кои никогаш не освојувале надвор од континентот.
Идеолошко оправдување на сојузот
Похрабрите комунисти и исламисти отворено го признаваат ова, додека поитрите кажуваат дека тоа е „одбранбен“ сојуз заснован на заедничкото угнетување кое тие како работници, ЛГБТисти, имигранти и жртви на империјализмот го трпат во и од патријархалните, христофашистички и капиталистички западни држави, покрај тоа што во мнозинството од овие држави имаат поддршка (или во најмала рака огромен праг на толеранција) од политичките елити и медиумите.
Борба за превласт и радикализација
Во основа, секако, станува збор за борба за превласт: рушење на „капитализмот“ за комунистите и џихад против „западните неверници“ за исламистите.
Комунистите секогаш претпочитаат други наместо своите (спротивно од националистите), за со помош на другите да дојдат до власт врз своите со кои тие како интернационалисти не се идентификуваат, па тука во игра доаѓаат имигрантите (и не секогаш ова се однесува само на муслиманските имигранти, иако тие се мнозинство).
Овие дојденци од Африка и Азија пристигнуваат со чувство на огорченост кон земјата домаќин (со право или не), а тоа чувство не само што се оправдува од комунистите, неолибералите и другите левичари (кои и без имигрантите често претставуваат обединет „народен фронт“), туку дополнително се радикализира до степен на геноцидна омраза кон западното население.
Идеолошка противречност и саморазорување
Проблемот со ова е што самите западни комунисти и либерали се предимно белци, а и „неверници“ во очите на исламистите. Но и покрај тоа, во борбата против „капиталистичкиот и фашистички Запад“ тие се здружуваат со исламистите и имигрантите, насочувајќи ги против злобните западни држави, нивното население и вредности, а со тоа самите се местат да бидат жртва, предизвикувајќи опасност за себеси на долгорочен план.
Во однос на исламот и имиграцијата, при рационално размислување за сегашноста и иднината комунистите би требало се стават на иста страна со тие кои ги етикетираат како фашисти, но како од идеолошки инает прибегнуваат кон непромислени и опасни стратегии.
Заемна инструментализација
Двете страни – комунистите и исламистите – играат на картата дека во правиот момент ќе ја надјачаат другата страна и ќе ја придобијат или избришат.
Комунистите во борбата за рушење на капитализмот сакаат да ги искористат исламистите како војници, а исламистите во борбата против неверниците и христијанскиот Запад сакаат да ги искористат комунистите како корисни идиоти. За многумина од двете страни ова е кристално јасно, но секој верува во тоа дека на крајот неговата страна ќе биде посилна.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери