Манастир „Св. Пантелејмон“

Преку 200.000 денари за „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези! Инвестиција од преку 200.000 денари за млекарата во Св. Пантелејмон со која ќе им пружиме голема помош на монасите во манастирот. Патриотско друштво заедно со сите патриоти кои нѐ следат и поддржуваат успеа да собере значителна сума на средства со која можеме да ја реновираме млекарата на манастирот. Сплотени во верата, обединети за Македонија!


За бранителот

Патриотско друштво со донација во вредност од над 1400 евра за бранителот Божидар од Чаир. Донацијата се одвиваше во неколку фази. Успеавме да му донираме и наместиме кујна, да го поправиме тоалетот и да купиме прекупотребна бела техника за семејството. Патриотско друштво не заборава за бранителите и за нивниот придонес за безбедноста и суверенитетот на Македонија.


Акција во Чашка

Патриотско друштво заедно со жителите на општина Чашка организираше еколошка акција со која засадивме преку 3000 садници во општината. Чашка беше едно од местата кои беа најмногу погодени во пожарите кои ја опустошија природата во Македонија изминатото лето. Со донации од сите патриоти и со напорна работа во Чашка, успеавме да ја засадиме иднината и барем малку да ја поправиме штетата која ја нанесоа земјотресите.


Новогодишни пакетчиња

Патриотско друштво со донација од преку 500 новогодишни пакетчиња за крај на 2024 година! Наместо влезница, гостите на најголемата македонска вечер во наша организација носеа новогодишно пакетче за да ги израдуваат најмалите. Со помош на гостите и на индивидуални донации успеавме да собереме преку 500 пакетчиња. Тие ги поделивме во повеќе градови во Македонија, како што е Скопје, Кичево, Виница, итн. Наша цел е да работиме за најмалите кои се иднината на Македонија.


Министри за спорт во државата

Младите спортисти во државата се заборавени од истата. Бидејќи таа не ги помага идните таленти, Патриотско друштво е тука за нив. Досега имаме помогнато на повеќе клубови во државата. Оваа донација нè однесе во Тетово каде што дониравме дресови за младинската екипа на КК Тетекс. Малите кошаркари ќе се борат за боите на нивниот тим и за боите на Македонија.


Во Македонија, но и во дијаспората

Донација од 12.000 денари за студентската организацијата на Македонците во Словенија. Патриотско друштво помогна во организација на настан на почетокот на академската 2024/25 година преку кој Македонците кои студираат во Словенија можеа да се забавуваат, да играат и да се запознаваат. Голем број на македонски студенти студираат во странство. Таму се да ја шират македонштината, да се надоградуваат и еден ден да го применат стекнатото знаење во Македонија.


Талевски од Битола

Додека ја договаравме промоцијата на „Заклетва“ во Битола ја искористивме приликата да помогнеме на едно патриотско семејство. Семејството Талевски се состои од самохран татко кој живее под кирија со неговите четири деца. Помагаме низ целата држава и заедно ја правиме Македонија горда.


Патриотска акција во Кратово

Дел од тимот на Патриотско друштво веднаш реагираше по трагичниот пожар во кој изгоре куќата на две семејства во Кратово. Дониравме 12.000 денари за потребите на погодените. Само со меѓусебно помагање можеме да изградиме силна држава. Биди Македонец кон Македонецот!


Тетекс мора да живее

Да ја започнеме новата година со убави вести. Патриотско друштво направи уште една заложба да го поддржи спортот го државата. Заедно со навивачката група Војводи дониравме 12.000 денари за фудбалскиот клуб кој веќе подолг период се наоѓа во тешка финансиска положба. Се надеваме дека нашата акција ќе инспирира и други и дека Тетекс повторно ќе се врати на славните денови.


Давитковиќ од Радишани

Уште една од низата хуманитарна акции во 2023 година. Овој пат помогнавме на семејството Давитковиќ од скопската населба Радишани. Се надеваме дека барем малку им ја олеснивме тогашната зима на Иван, Марина и Влатко. Ние како Македонци можеме да просперираме и да успееме само ако меѓусебно си помагаме. Само Македонецот е вистински пријател на Македонецот.


Донација Николовски Кратово

Николовски од Кратово

Откако слушнавме за состојбата во која се наоѓа семејството Николовски од кратовско Секулица, веднаш излеговме на терен. За семејството успеавме да обезбедиме намирници во вредност од 18.000 денари со кои тие ќе можат да ја поминат зимата.Намирниците вклучуваат 50 конзерви туни, 20 литри зејтин, 10 килограми брашно, 60 килограми ориз, грав и леќа, 28 месни нарезоци, 4 чоколади и 15 пасти.


Македонски вечери

Во изминативе години имаме организирано преку 10 македонски вечери преку кои ја промовираме македонската традиција, култура и песна. Македонските вечери се популарни меѓу младите, а истовремено служат и како прилика многу млади пејачи да се ги покажат нивните пејачки способности.


Во Куманово пред новата училишна година

Трајче од Куманово е татко на три прекрасни деца. Пред почетокот на новата училишна година добивме порака од него дека не може да си дозволи училиштен прибор и ранци за нив. Па така, веднаш се упативме кон Куманово и собравме и дониравме за неговото семејство. Донацијата покрај училишниот прибор се состоеше и од прехранбени продукти. Нека им е со среќа новата учебна година на дечињата!


Помош за семејство во Топанско Поле

Ова семејство од Топанско Поле ни се јави бидејќи имаа итна потреба од основни прехранбени и хигиенски производи и алишта. Нашата донација ги задоволи потребите на семејството, а исто така успеавме да набавиме и лекови и витамини за нивното дете. И најмалата акција, и најмалото добро дело некому можат да му го променат животот.


Мурал „Заклетва“ во Кисела Вода

Оваа акција се состоеше од цртање на мурал во големина од 80 квадратни метри во скопската општина Кисела Вода. На муралот е насликана позадината на нашата книга „Заклетва“, со што одбележавме преку 3000 продадени примероци. Книгата моментално е продадена во преку 5000 примероци. Цело Скопје може да го гледа резултатот на нашиот труд.


Не ги забораваме дечињата во Пустец!

Како дел од нашата голема новогодишна акција успеавме да донираме и пакетчиња за македонските деца во Пустец, Албанија. Донацијата се состоеше од новогодишни пакетчиња, знамиња и книги за потребите на дечињата. Треба секогаш да знаат дека има Македонци кои се грижат за нив.


Обединети за Кочани

По стравотната несреќа во Кочани веднаш ја понудивме нашата помош на болниците во Скопје кои имаа потреба од кебиња, постелнини, води и останати работи. Покрај тоа, го дониравме и целиот промет од продажба на нашите производи во следната недела на платформата SupportKochani


Патриотско друштво обединува во Врање

Во новогодишната акција за крај на 2024 година дониравме и надвор од Македонија. Донации имаше во Бугарија, Албанија, Србија. Донацијата во Врање беше реализирана заедно со македонскиот советник во општината Александар Божиновски. Тука дониравме пакетчиња за центарот за дневен престој „Маштоленд“.


Среќна Нова година од Виница

Патриотско друштво секогаш поддржува искрени и добронамерни иницијативи во нашето општество. Нашата донација во Виница се реализираше преку неколку млади жители на градот кои повеќе години прават слични акции. Новогодишни пакетчиња дониравме во Дневниот центар и на најмалите од градот.


Добрината не познава граници

Шириме добрина и човечност за секого и секаде. Со пејачката Василија Петрова од Ќустендил подаривме новогодишни пакетчиња за центарот за грижа на лица „ДЦПУ – Ќустендил“. Се надеваме дека им ги разубавивме новогодишните и божиќните празници на сите лица од центарот.


Подадовме рака во Новаци

Со нашата финансиска поддршка и со нивната посветеност, екипата од здружението „Подај Рака“ од Новаци успеа да помогне на неколку семејства од регионот. Дечките ги посетија семејствата, разговараа со луѓето и заедно со нас им донираа преку потребни средства.


Биди Македонец кон Македонецот!

Уште една хуманитарна акција на почетокот на 2024 година нè однесе во с. Долгаец, во околината на градот Прилеп. На семејството Ристески дониравме хуманитарна помош во вредност од 6000 денари. Работиме низ цела Македонија – секое село, секој град!


Илинденски марш

Патриотско друштво редовно учествува на Илинденскиот марш – по чекорите на комитите. Ја поддржуваме традицијата на коњаниците и имаме донирано маици за сите учесници во коњаницата. Илинденскиот марш е нешто што мора да продолжи и во иднина!