Патриотски приказни
Алтернативи на имиграцијата
Како одговор на нискиот наталитет и алтернатива на имиграцијата најчесто се посочува очигледното решение: „Имајте повеќе деца“. Се покажува дека ова е тешко да се примени во стварноста, од претходно спомнати причини, а тука ќе разгледаме и некои примери.
Наталистички политики и мерки
Наталистичките политики предвидуваат позитивни мерки, како даночни олеснувања за тие кои имаат деца, еднократни/месечни парични исплати, помош при наоѓање/градење на дом, подолго платено породилно/родителско отсуство од работа, подобрување на медицинската нега и сигурност за бремените жени, отворање центри за плодност итн., а се спомнуваат и државни субвенции за in vitro или за сурогат мајчинства. Постојат и мерки за „присилување“, како данок за бездетност, лимит за професионален развој на оние кои немаат деца, ограничување на големина, локација и вид на домовите за бездетни семејства, или поекстремни како отстранување на правото на абортус, забрана за контрацепција и сл.
Современи примери во Европа
Низ историјата и денес имаме примери на употреба на овие мерки со различни резултати. Денес често Унгарија и Полска се посочуваат како примери на држави со успешни наталистички политики, меѓутоа со стапка на плодност 1.54 и 1.46 стварноста е дека тој резултат е далеку од посакуваниот.
Претходната конзервативна влада на Полска со своите програми и кампањи дури предизвика и жестока реакција, милитантен феминизам и антагонизам кон традиционалните вредности кај голем дел од младите, додека пак соседната полиберална и атеистичка Чешка ја има втората најголема стапка на плодност во ЕУ – 1.68: без неевропска имиграција, без „бомбастични“ наталистички кампањи и без длабока поларизација на општеството, а едноставно со подобрување на условите и бенефициите за родителите; но пак тоа не е доволно.
Некои западни земји прават повеќе од други во поглед на пружање поттик за размножување, но сепак сите имаат негативна стапка на раѓање, односно се покажува дека пронаталистичките мерки не се доволни. Ниту конзервативните политики на Унгарија, ниту пожестоките мерки во Полска, ниту бенефициите на Чешка, дури ниту увезувањето имигранти на Франција – ниту еден од овие примери не успева да доведе до потребниот наталитет за замена на генерација.
Историски примери: Романија и Германија
Од поекстремните наталистички примери, познат е „Указот 770“ од 1966 год. на романскиот диктатор Чаушеску, со кој биле забранети абортусот и контрацептивни средства, а од секоја жена се очекувало да роди пет деца или во спротивно да плаќа надоместок. За една година се случил бум на наталитетот, но за брзо тој стагнирал и постепено се намалувал, а меѓувремено смртноста на романските трудници станала најголема во Европа, абортус се вршел тајно и многукратно поопасно, а стотина илјади несакани бебиња биле оставени во сиропиталишта на (не)грижа на државата. Општо, режимот на Чаушеску бил еден од најжестоките во комунистичките земји во Европа и единствениот кој бил соборен со насилство.
Од друга страна, го имаме примерот на НС Германија. Секој брачен пар добивал кредит од 1.000 марки (тогаш отприлика плата за 9 месеци) кој се враќал со мала камата, но со секое дете се бришел 25% од долгот, а со четири деца целосно. На почетокот биле воведени финансиски бенефиции за поттикнување на жените да не работат, а од 1937 повторно започнале да бидат мотивирани да се приклучат на работната сила во одредени сектори. Во 1933 год, кога НСДАП дошла на власт, стапката на плодност била 1.67 (дотогаш најлоша), а до почетокот на ВСВ во 1939 стапката била покачена на 2.59. Овој пример заслужува да се проучи подлабоко.
Културни и економски причини за неуспех
Во однос на подигнувањето на наталитетот, може да се види дека наталистички мерки некогаш функционирале, денес не до толку, а агресивни присилни наталистички мерки се погубни. Што е тогаш разликата помеѓу успехот во подигнување на наталитетот во НС Германија и денешните неуспешни обиди? Иако не исклучително (дефинитивно фактор се и економски причини, а особено проблемот со домувањето), тука улога има и хипер-индивидуализмот, конзумеризмот, материјализмот, песимизмот, отсуството на вера и чувство на должност кон заедницата во денешниот Запад. При ваквата култура и материјалистички фокус, изборот да се има деца и да се наруши (дури и привремено) нивото на потрошувачка и на луксуз е тешка одлука за многумина. Финансиски бенефиции помагаат, но очигледно не се доволни за подигнување на наталитетот – до тоа ќе се дојде со финансиски бенефиции плус културолошка промена.
Автоматизацијата како можен излез
Како друга опција, некои сметаат дека решението не е во копирање на африканскиот и блискоисточниот наталитет, туку повикуваат на засилена автоматизација.
Особено со скорешниот голем напредок на вештачката интелигенција се зголемуваат можностите за делегирање на многу од работните процеси од разни сектори на компјутери и роботи. Познати се аргументите против автоматизацијата, односно стравот дека машините ќе ја заменат човечката работна рака и луѓето ќе останат без работа. Тоа било оправдано стравување во минатото, кога имало висок наталитет и големи семејства – денес во Западот состојбата е спротивна: има премалку луѓе и премногу работа. Токму денес автоматизацијата е потребна повеќе од било кога и таа би можела да стави крај на потребата од увезување на работна сила од надвор. Секако, ништо не е совршено, ниту пак автоматизацијата која со себе носи и опасности, но истовремено треба да се размисли и за предностите кои ги овозможува.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери