Патриотски приказни
Раса – дел од идентитетот?
Зошто расата, а не човечкиот вид, како последен степен на групен идентитет во денешницата?
Најмалата и најстара човечка заедница е фамилијата, или кланот. Пред илјадници години, кога луѓето живееле во такви мали кланови од 10-50 членови, единственото ривалство помеѓу луѓето можело да биде на ниво на кланови, кои не биле доволно големи да војуваат, но се случувале спонтани судири за одбрана на своето и своите.
Со зголемувањето на бројот на членовите и општо на човечкото население, некои кланови прераснувале во племиња, додека во други случаеви кланови кои споделувале животен простор, јазик, религиозни верувања и други културни аспекти се здружувале во племе (можеби како одговор на некој друг клан кој станал премоќен) како поголема и побезбедна група. Па така, племето претставува продолжение на фамилијата.
Со пробивот на племето како најголема заедница, ривалствата и заканите помеѓу луѓето се прошириле на повисоко и помасовно ниво. За подобра соработка и заштита од заеднички непријатели, повеќе племиња – исто така со споделен јазик, култура и потекло – се здружувале во уште поголема заедница и формирале држава.
Од народ до нација: Идентитетот низ заедничка закана
Грчките градови-држави, покрај тоа што споделувале јазик, вера и култура, немале чувство на заедништво едни со други и долго војувале меѓу себе. Таквото чувство кај грчките племиња и држави за припадност кон уште поголема заедница – народ, цивилизација – се појавило тогаш кога се појавил заеднички надворешен непријател – Персија. Соочени со противник со различен јазик и култура, грчките држави разбрале дека или ќе се обединат како народ врз основа на тоа што ги спојува, или сите ќе исчезнат. Па така, како и племето, народот претставува уште поширока фамилија. Со тек на времето таа природна поврзаност на поединците на еден народ достигнала уште поголема свест – националната.
Расата како најширока фамилија: Демографија и повик за освестување
Зошто следно и последно ниво е расата? Еден ден, ако постои закана од вонземјани, човечките раси како одговор ќе се здружат на ниво на вид и планета. Таква закана сега нема. Но во овој момент европските/белите нации се соочени со демографска закана, која ја предизвикува потребата од соработка на ниво на раса – најшироката фамилија.
Кланови соочени со опасност се здружувале во племе; племињата соочени со опасност се здружувале во народ; европските народи војувале меѓу себе, но соочени со надворешна опасност заеднички се спротивставиле на муслиманската инвазија како христијани. Понекогаш некој дел од нашиот идентитет не го регистрираме сѐ додека не се појави закана кон него. На пример, јас никогаш не би се нарекол Егеец на прво место, меѓутоа кога гледам како некој ги напаѓа Егејците тој дел од идентитетот се буди кај мене. Неевропејците во Западниот свет веќе го имаат „отклучено“ наредното ниво – тие се идентификуваат со расата и/или исламот. Зошто дозволуваме да бидат чекор пред нас?
Што ќе направат белците низ светот соочени со сѐ побрзиот раст на населението кај туѓите раси, нивната неконтролирана имиграција во белечките земји и нивната сѐ поголема агресија кон белците посведочена преку нападите, силувањата и убиствата на расна основа во Америка и низ Европа?
Ако тоа се изолирани случаеви и мислата дека еден ден вашиот народ, јазик, раса и култура ќе бидат реткост во светот не нѐ вознемирува, тогаш зошто се буниме дека Бугарите, Грците или Србите сакале да ја збришат нашата нација и да нѐ претопат во нивните нации? Зошто мислата дека ќе сме зборувале германски јазик и ќе сме биле Германци доколку Германците победеле во ВСВ нѐ вознемирува, а не нѐ вознемирува мислата дека нашите потомци ќе бидат со црна боја на кожата и ќе говорат јазик неразбирлив за нас денес?
Претерувам, преувеличувам? Проверете и самите: денес Европејците се 9.78% од светското население; во 2100 ќе бидат 3.8%, а запрашајте се колку од нив ќе бидат вистински Европејци. Денес Африканците се 16.72% од светското население; во 2100 ќе бидат 39.4%. Мислите дека светот вечно ќе живее во мир и дека ако ќутиме сѐ ќе биде во ред? Зошто воопшто би си дозволиле да ризикуваме и да оставиме судбината да решава дали нашата ќерка или внука ќе биде ставена во зоолошка градина како редок примерок на белец во идната Нова Европа?
Ова е повик за освестување; за бирање на сојузници и подготвување за сите можни опции пред да бидат загубени опциите и да бидеме оставени пред свршен чин.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери