Патриотски приказни
Смртта на Лазо Ангеловски
На денешен ден, 19 август во 1948 г., 23 годишниот Лазо Ангеловски бил убиен на ѕверски начин од страна на грчката војска: заврзан за воен џип бил влечен по улиците на Лерин, загинувајќи маченички.
Лазо Ангеловски бил роден во с. Граждани во Преспанско, Егејска Македонија. Потекнувал од револуционерна фамилија – неговиот дедо во османлискиот период бил затворен во злогласниот затвор Еди-куле во Солун, каде што починал. Во текот на ВСВ Лазо бил дел од комунистичката младина во Грција, а во 1944 г. преминал во слободна Македонија, каде што во Битола завршил учителски курс за македонски јазик. Работел како учител, па во Министерството за просвета во Скопје, а бил и управник на детски домови и учествувал во народните организации.
Просветителот на Егејска Македонија
Голем идеалист, слободата на македонскиот народ и неговата просвета биле постојана мисла на Лазо Ангеловски. Тешко ја прифаќал положбата на Македонците од неговите родни егејски краишта и често говорел дека еден ден треба да се оди таму во борба за да се ослободи тој дел од Македонија. Воден од љубовта кон својот народ, Лазо во 1947 г. ја напуштил слободна Македонија и заминал на фронтот во Егејска Македонија. Набргу, поради својата учителска надареност, бил повлечен од фронтот и назначен за просветна работа и учество во народната власт. Бил еден од организаторите на учителскиот курс “Гоце Делчев” – благодарение на него биле обучени 120 македонски учители и биле отворени 87 македонски училишта со 10.000 ученици. Лазо одел од село во село и неуморно вршел просветителска дејност, описменувајќи го македонскиот народ на својот македонски јазик.
„Јас не се покорив, јас ја избрав смртта“
На почетокот на август 1948 г., Лазо бил пресретнат од грчки војници во околината на с. Буф. Во престрелката која следела тој бил ранет и уапсен. Бил измачуван во затворот во Лерин и ден пред смртта напишал писмо за својот чичко, кое подоцна било доставено од еден затвореник од Герман. “… Да знаеш, јас не се покорив, јас ја избрав смртта. Така, знај дека деновите се проодливи, мене смрт ме чека. Мене, не ме страши смртта, не, ништо нема да зборувам. Нека знае целиот свет, мајка, татко, и двете сестри…”
Ние го помниме Лазо Ангеловски, млад херој чија саможртва инспирира и денес. Вечна му слава!
Маици
Дуксери