Патриотски приказни
Зошто вреди да се бориме за Македонија?
„Да живееш значи да се бориш – робот за слобода, слободниот за совршенство“. Секоја генерација има своја борба и свој долг кој е повикана да го исполни. За жал, тркалото на историјата е такво што се чини неизбежно од време на време хероите и великаните да бидат заменети со слаби и безидејни луѓе.
Недостаток на херои во времиња на духовна мртвило
Македонија од крајот на ВСВ има недостаток на херои. Повеќе нема Делчевци, нема Александровци, нема Карпошовци. Великаните го отстапија местото на недостојни генерации на Македонци – тие кои раководат со македонската земја и ние кои ги трпиме. Сепак, токму во вакви духовни мртви и апатични времиња има најголем простор за докажување. Во вакви времиња идеализмот, храброста и справедливоста на поединците најлесно се забележуваат. Па така, од народната маса сѐ уште се издвојуваат достојни наследници на Илинденците и Асномците: во 2001 и 2015 г. тие се исправија пред албанскиот тероризам и сѐ жртвуваа во одбрана на своите.
Дали е праведно што многу семејства останаа без сопрузи, татковци, синови, браќа, за денес мнозинството од Македонците да живеат индиферентно за нивната жртва и нивните идеали? Најверојатно не е. И разбирливо е доколку некој одлучил дека не сака да го положи својот живот за овој неморален народ – подобро би служел на своето семејство, отколку на луѓе кои утре за него и таквите како него ќе велат „за идеали гинат будали“. Ниту јас не би гинел за нив. А, сепак, не би останал рамнодушен при повикот на татковината. Зошто?
Одбраната на татковината како чин на љубов кон чесните
Затоа што знам дека во секој случај ќе има чесни Македонци кои ќе одговорат на него. Не би можел да се поднесам ако останам слеп и глув на тоа – би гинел за нив, со нив. Рамо до рамо, бодрејќи се едни со други. Од восхит и љубов кон нив, од почит кон семејствата кои ги оставаат зад нив во служба на поголемото добро. И нашиот чин ќе има ист ефект кај другите. Во име на оние кои се жртвувале пред нас; во име на оние кои допрва ќе се жртвуваат за нас.
„Утре секој Македонец ќе биде прашан каде беше во време на борбата и што е направил за слободата на нашиот народ, или е пак свесно или несвесно служил на окупаторот“, се вели во писмо на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 1944 г.
Истата порака порака важи и денес.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери