Патриотски приказни
Лажниот соживот
Неверојатно е како спортот може да ги претвори оние кои секогаш биле рамнодушни за својата национална припадност во најголеми Македонци, а оние за кои до вчера сме се жалеле за тоа колку се проблематични – во браќа и дел од фамилија.
Истите тие кои до вчера говореа за Балистите, за 2001, за Смилковци, за меѓуетничките проблеми во државава, денес свесно го преќутуваат сето тоа и се лажат самите себеси дека во Македонија нема никакви етнички недоразбирања и дека соживотот е одличен, само поради тоа што фудбалската репрезентација била мултиетничка.
Идентитет преку фудбал или историски факти?
Прочитав една статија од Financial Times, во која се вели дека „фудбалот ќе помогне да се изгради националниот идентитет на Северна Македонија“. Замислете какво потценување е воопшто да се зборува за вакво нешто. Ние Македонците немаме национален идентитет, па ќе го создаваме преку фудбал. А сепак, не е далеку од вистината. Деновиве социјалните мрежи се преплавени од објави и коментари за тоа како различностите се силата на Македонија, како мултиетничноста е најголемото достигнување и богатство, како Македонците и Албанците секогаш живееле во мир и соживот. „Секогаш сме живееле во мир, но политичарите сега ги прават проблемите“.
Лекции од историјата кои не смееме да ги игнорираме
Размислете, Македонци. Кој е виновен за злоделата на албанските банди кои пустошеле во Западна Македонија во османлиското време, за албанските башибозучки одреди, за Балистите во Втората светска војна и етничкото чистење во Западна Македонија? Али Ахмети и тогаш ли живеел? 2001 и албанските терористички банди кои убиваа македонски цивили и ги протеруваа Македонците од своите вековни домови, уништувањето на спомениците на масакрираните кај Вејце и Карпалак, убиствата кај Смилковско езеро, избодените Македонци по автобусите во Скопје, Ангел, Саздо, Кољо. Тоа ли е тој мир што секогаш постоел? Сето тоа ќе го заборавиме за да можеме да гледаме фудбал со чиста совест? Денес читам Македонци кои велат дека Албанците масовно учествувале во Илинденското востание и создавањето на нашата држава. Можеби и Али Ахмети е во право дека Гоце Делчев носел кече.
Македонци, имајте достоинство. Не дозволувајте националниот идентитет да ви се заснова на фудбалот.
Почит наместо утописки соживот
Вардарска Македонија, па и Македонија во целост, никогаш не била етнички хомогена. Тука секогаш живееле повеќе племиња и народи, уште од античко време. Албанците живеат во Македонија и тоа е факт. Тие тука се во многу поголем процент отколку тие што се чувствуваат како Македонци во Бугарија, за кои ние бараме права – гледано од таа перспектива нормално е и дека Албанците сакаат права и што повеќе да се одомаќинат тука. Тоа е сосема легитимно. Но зошто ние Македонците не чувствуваме дека треба да си го заштитиме нашето? Самите паѓаме во стапици со лажните приказни за вечен соживот и извртувањето на историјата во насока кон докажување на некакво вечно пријателство со Албанците. Кое вечно пријателство луѓе? Историјата не се имиња и бројки што треба да се помнат, туку е низа примери од кои треба да извлечеме поука. Наместо да се лажеме самите себеси, треба да ја прифатиме историјата и да сториме сѐ што е можно за да спречиме повторување на немилите настани.
Доколку верувате дека само политичарите се криви, тогаш запрашајте се зошто е толку лесно тие да предизвикаат неволји и дали ние Македонците имаме причина за стравување во иднина од такви неволји. Дали Македонците се тие што чуваат оружје по домовите, дали сме ние тие кои имаме терористичко минато во последниве 30 години, дали ние сме тие кои вршиме егзекуции на тинејџери поради нивната етничка припадност? Зошто тие проблеми секогаш доаѓаат од другата страна?
Помеѓу Македонците и Албанците не може да има утописки соживот – последните 30 години и подалечното минато го покажуваат тоа. Помеѓу нас треба да има меѓусебна почит и разбирање, а тоа не се постигнува кога едната страна (нашата) е слаба и неодлучна.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери