Идеологија, Политика

Крајот на слободниот говор на интернетот?

Цензура на десницата

Во последните години, почнувајќи од претседателските избори во САД во 2016 година, а особено во последниот период, бевме сведоци на констатно цензурирање и блокирање на про-десничарска и националистичка содржина на социјалните мрежи и интернетот – Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутуб, Гугл. Сите сме запознаени со апсурдни случаеви на блокирање и бришење профили на Фејсбук и Инстаграм за изречени ставови за кои воопшто не би ни помислиле дека можат да бидат оценети како контроверзни, а Јутуб ги отстрани каналите на повеќето (или мнозинството) самостојни десничарски медиуми и личности.

Монопол врз информациите и моралната одговорност

Сите споменати компании и корпорации се приватни – тие имаат легално право да одлучуваат што ќе прават со содржината која се објавува на нивните медиуми. Меѓутоа дали е морално да им се дозволи на овие приватни компании кои денес имаат монопол врз пристапот на информации да одлучуваат кои мислења се правилни, а кои се ерес? Овие технокомпании ја демонстрираат својата моќ без да наидат на било каков отпор, а најразочарувачкиот момент од сето ова е поддршката која овие технокомпании ја добиваат од неолибералниот табор – тие кои најмногу се трескаат од земја за права, еднаквост, слобода на говор. Дали е слобода на говор само оној говор што им одговара на нивниот наратив? Каква ќе биде нивната реакција ако еден ден се променат интересите на технокомпаниите?

Илузијата на западната демократија

Повторно доаѓаме до константната лицемерност и дволичност на неолибералите и дегенерираната левица. Дискусијата би била поинаква доколку споменатите технокомпании отворено истапат и објават дека не толерираат мислења различни од неолибералната норма, доколку неолибералите кои ја слават цензурата врз десницата отворено кажат дека не го поддржуваат правото на слобода на говор и разлики во мислења. Дискусијата би била поинаква доколку „центрите на демократијата“ во Западниот свет отворено кажат дека не постои демократија, туку дека се признава само владеењето на толпата – доколку толпата е доволно гласна се прифаќаат сите нејзини ставови и мислења, а секое спротивно мислење е казниво со цензура, губење на работа, изолирање од општеството и физичка казна. Така бар ќе знаеме на што сме.

Двојни стандарди: Дискриминација на десницата

Додека не се одредат јасно правилата на играта, неолибералната клика треба да ги затне своите муцки за теми како права, еднаквост, слобода, а најмногу – за дискриминацијата. Имаме безброј случаеви на десничари банирани од социјалните мрежи за користење на зборови како „глуп“ или „идиот“, а истовремено по Фејсбук, Твитер и Инстаграм можеме да видиме како луѓе си прават шеги за убиени десничари, повикуваат на насилство, силување, убивање на политички противници, како повикуваат на бришење на белата раса и слично. Но сето тоа е во ред, затоа што ако си националист/десничар/белец, или ако едноставно не се сложуваш со неолибералниот наратив, тогаш ти си нацист/фашист/рацист/супремацист и не заслужуваш никакви права. Како тогаш очекувате десничарите да не бидат гневни кога има таква хајка против нив? Неолиберални дегенерирани ботови, дај барем бидете искрени и признајте си сами на себе дека воопшто не сте тоа што се претставувате дека сте. Нормални луѓе, не потпаѓајте во замката на неолибералите со која сакаат да ве заробат преку декларирањето на морална супериорност и дека тие се борци за човекови правдини.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD