Патриотско Друштво

Масакр кај Гајре

Масакр кај Гајре

Македонската историја низ вековите ја пишувале храбри борци, синови и ќерки кои за Македонија го давале највредното – животите. Нивната пожртвуваност и безрезервна љубов кон татковината ја покажувале во најкритичните периоди на нашата нација. Македонецот секогаш се соочувал со своите непријатели лице в лице, без разлика на нивната големина и моќ. Сепак, оваа храброст не е карактеристика на многу народи во регионот, а тоа за жал македонските одбранбени сили го дознаа за време на конфликтот од 2001 година.

 

5 јуни 2001 година. Нешто повеќе од месец дена по крвавиот и брутален масакр кај Вејце, во кукавичка заседа животот го изгубија уште пет припадници на одбранбените сили на Македонија. Нападите на повеќе пунктови во тетовско доведе до повеќе ранети војници и припадници на МВР. На патот меѓу тетовските села Шипковица и Гајре убиени беа Кољо Китанов, Исак Руфати, Пеце Матичевски, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски. Најмладиот загинат бранител на АРМ Китанов и постариот водник Исак Руфати биле на задача да однесат храна за пунктот кај Шипковица. Одеднаш, нивното возило „пикап 101“ било погодено со рачен фрлач од страна на албанските терористи. Возилото на Китанов и неговиот старешина Руфати било изрешетано од група од пет или шест терористи, а припадниците на АРМ животот го изгубиле на самото место.

 

Неколку минути подоцна, на истото место терористичката група го напаѓа и второто возило на АРМ во кое се наоѓаа и трите резервисти од битолскиот регион – Матичевски, Силјанов и Миленковски. Возилото било упатено кон селото Шипковица каде требало да помогне на ранетите од борбите во тој предел на тетовско. Трагедијата која ја задесила втората група во последен момент успеало да ја избегне санитетското возило кое исто така било упатено кон Шипковица, за помош на ранетите. Масакрот кај Гајре е уште еден крвав дел од македонската историја кој е обвиткан во мистерија. Никој не преземал одговорност за издавањето на непромислената наредба со која војниците без придружба биле испратени во опасната зона кај Шипковица.

 

Кои биле загинатите бранители? Во првото возило се наоѓале гореспоменатите Кољо Китанов и Исак Руфати. Кољо, по потекло од струмичко Сарај, потекнувал од патриотско семејство. Неговите прадедо и дедо се бореле со Даме Груев и со македонските партизани, соодветно. На 19 години Кољо станал најмладата воена жртва на конфликтот од 2001. Постариот водник Исак Руфати на свои 42 години зад себе ги оставил семејството и неговите синови. Благојче Силјанов бил воен полицаец кој станал татко малку пред почетокот на конфликтот. Како еден од првите мобилизирани за време на конфликтот, Благојче служел во Битола, Кичево и Тетово. Неговиот сограѓанин Влатко потекнува од семејство припадници на АРМ. Тој се одлучил за истиот пат и секогаш бил меѓу првите волонтери во воените акции. За крај, Пеце Матичевски беше последната жртва од второто возило на кобниот свиок кај Шипковица.

 

Сите пет херои посмртно беа одликувани со Медал за храброст. Неколку споменици се изградени во нивна чест, Се чини дека жртвата на овие петмина македонски бранители е заборавена од денешните власти. Спомен-плочата поставена над Гајре беше уништена и минатата година, а властите не преземаат ништо за ова сквернавење кое се случува со години наназад. Сепак, Македонците ја паметат и засекогаш ќе ја паметат жртвата на Кољо, Исак, Пеце, Благојче и Влатко. Вечна ви слава, херои!

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks