Патриотско Друштво

Дали треба да имаме предрасуди?

Дали треба да имаме предрасуди?

Западниот свет со децении пропагира светоглед на толеранција и почитување на различностите, свет без стереотипи и предрарсуди. И додека на хартија ова звучи како идеално решение на многу проблеми, на дело е сосема неизводливо. Светот на толеранција е свет од бајките, а не нешто реално. Дополнително, дали воопшто треба да се откажеме од предрасудите и дали тие се суштински лоша појава?

Без разлика во колку хомогено општество живееме, неизбежно е во текот на животот да сретнеме бројни припадници на различна група од нашата. Предрасудите се инстинктивен дел од нашата психа и постојано несвесно се служиме со нив како би го обезбедиле нашиот опстанок и преживување. Ако имаме намера да се преселиме поради недостаток на работа, најпрвин бараме во поголем град. Ако бараме насоки или совет, прашуваме возрасни наместо деца. Ова не значи дека имаме негативно мислење за малите градови или за децата, туку дека другите опции нам повеќе ни одговараат.

Стереотипите постоеле отсекогаш. Низ вековите издржале тие што биле највистинити, па затоа доаѓаме до заклучок дека повеќето стереотипи се точни, а повеќето предрасуди оправдани. Сите сме слушнале дека Канаѓаните се културни, Балканците гостопримливи, а Азијците исклучително интелигентни. Но, сме слушнале и дека Афроамериканците и/или Ромите често се склони кон криминал, дека Французите се арогантни и Евреите алчни. Некои предрасуди се навредливи, а некои пофални. Сепак, тие се наједноставниот начин на кој креираме мислење за непознат припадник на одредена група. Подобро е да имаме негативни предрасуди за некој непознат човек отколку невнимателно да му се довериме поради форсирана толеранција и да западнеме во многу поголеми проблеми.

Набљудуваме одредена шема, создаваме предрасуди и често носиме заклучоци базирани на тие предрасуди. Сè додека не ја користиме таа предрасуда за да им нанесеме штета на луѓето или да ги угнетиме, тоа не е нужно лоша појава. Секоја личност има право и шанса да докаже дека тие стереотипи се погрешни за неа. Важно е да го разбереме тоа и да се обидеме да им ја дадете таа можност. Во меѓувреме, додека немаме доволно информации за една личност, стереотипите и предрасудите се основната алтернатива по која можеме да одлучиме како ќе се однесуваме во општењето со неа. 

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks