Патриотско Друштво

Кратка историја на Македонците во Австралија

Кратка историја на Македонците во Австралија

Поради недостатокот на своја држава и добри услови за живот, Македонците низ историјата во голем број патувале и мигрирале низ белиот свет. Најголем дел од овие патувања биле привремени, на печалба. Сепак, зголемената имиграција од економски или сигурносни причини довела до создавање на македонски заедници на сите светски континенти. Ниту една од овие заедници не е поактивна и поуникатна од македонската заедница во Австралија. Се поставува прашањето, зошто толкав број на Македонци го избрале баш овој континент?

Додека чекаме резултатите од минатогодишниот попис во Австралија да бидат објавени, можеме да се послужиме со постари податоци. Имено, за време на пописот од 2011 година, над 90.000 луѓе се изјасниле дека имаат македонско потекло. Бројот на Македонци кои активно го користат македонскиот јазик бил нешто помалку од 70.000. Организацијата ОМД (Обединета македонска дијаспора) изјавува дека бројот на луѓе со македонско потекло е од 250 до 300 илјади. Официјалните статистики покажуваат дека македонскиот по англискиот, македонскиот е десеттиот најзборуван јазик во Австралија. 

Првите Македонци кои пристигнале на австралискиот континент тоа го сториле во 19. век. Бидејќи главно биле печалбари, не настанале долготрајни македонски населби на континентот. Големата македонска имиграција се случила во 20. век. Причините за преселбата биле Втората светска војна, Грчката граѓанска војна, како и фашистичкиот режим на Јоанис Метаксас кој со години ги малтретирал Македонците во Егејска Македонија. Една причина која често се занемарува е тоа што во 1924 година, САД има донесено рестрикции за имиграција кои ги опфатиле бројните македонски печалбари. Втора дестинација за нив била Австралија, па баш затоа нивниот број повеќекратно се зголемил во годините по рестрикциите. Исто така, веројатно најголемата преселба на Македонци во Австралија се случила во 70-тите години на минатиот век, кога тогашната југословенска влада вовела започнала сè повеќе и повеќе да ги охрабрува жителите да работат во странство.

Мнозинството Македонци во Австралија живеат во метрополите на континентот – Сиднеј, Мелбурн и Перт. Останатите живеат низ сите населени региони, а некои од градовите со македонско население се Волонгонг, Њукасл, Квинбијан и Џилонг. Токму во Мелбурн во 1959. година биле поставени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“ – првата македонска православна црква во Австралија и воопшто вон Македонија. Што се однесува на македонската црква, во Австралија јурисдикција имаат две епархии на МПЦ – Австралиско-новозеландската и Австралиско-сиднејската. 

Од првите печалбари па до ден денес, Македонците земаат активно учество во сите сфери на австралискиот живот. Познати Македонци во Австралија се дизајнерот Тони Матичевски, фудбалерот Саша Огненовски, Џим Томев, феноменалниот драматург Душан Ристевски, како и незаборавниот Андреа Бранов. Не смее да се изостави ни Александар Волкановски, борач во UFC. Покрај играчи, македонското иселеништво има основано и бројни клубови во Австралија. Такви се Престон Лајнс (Престон Македонија), Рокдејл Сити Санс (Рокдејл Илинден), ФК Џилонг (Џилонг Македонија), Паскоу Вејл (Пелистер). Преку црквата, спортот, литературата и филмот, нашето иселеништво во Австралија со децении го негува македонскиот дух и македонските идеали. Токму оваа заедница е најактивна во бранењето на македонските интереси. Десетици илјади Македонци со денови протестираа против нелегитимната промена на уставното име. Австралиските Македонци биле, се и ќе останат еден од бастионите на нашата дијаспора.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks