Патриотско Друштво

Што ќе биде кога ќе нè примат во ЕУ?

Што ќе биде кога ќе нè примат во ЕУ?

Европска Унија – унијата во чие име беа потпишани неколку штетни договори и унијата чии вредности се врвот кон кој постојано се стреми политичкиот естаблишмент во Македонија. Но, освен што многу македонски жители ја гледаат унијата како решение за сите нивни проблеми, нејзините предности и маани се сè уште непознати за грото популација. Во случај на членство во ЕУ, Македонците конечно ќе немаат причина да бараат бугарски пасоши. Како последица на решавањето на долгогодишниот спор со Бугарија ќе спласнат тензиите со нашите соседи. Судејќи по моменталната владина гарнитура, и овој спор ќе биде решен со договор кој ќе биде болен за македонскиот народ и идентитет.  

И со членството во ЕУ очекуваме поголем да продолжи имиграцијата на македонската работна сила, бидејќи ќе има помалку потешкотии за пронаоѓање работа во странство. Влезот во ЕУ ќе отвори место за ново решение за ова прашање, но тоа може да доведе до уште еден демографски колапс во земјата. Имено, Македонија како членка на ЕУ ќе биде попривлечна дестинација за многу мигранти. Проблемот е што тие најмногу ќе доаѓаат од Блискиот Исток, а Западот веќе покажува дека тоа не е добра идеја. 

Европската Унија ќе отвори пазар од околу 450 милиони купувачи за македонските производи и услуги. Но, се работи за двонасочна улица преку која бројни странски фирми ќе добијат пристап до македонскиот пазар.Кампањата за купување македонски производи на бившиот премиер Груевски во неколку наврати беше клучна за спасот на македонското стопанство. Слична кампања во многу поголеми размери ќе треба да биде пропагирана во земјата да не дојде до ситуација во која европските гиганти ќе ги проголтаат македонските бизниси и фирми. 

Од нештата кои би се почуствувале во наредните години откако ќе влеземе во ЕУ, можеме да го споменеме зголемувањето на платите, но и животните трошоци. Со воведувањето на еврото како една од службените валути во земјата ќе се намали флуктуацијата на размената меѓу двете валути. Членството во ЕУ уште повеќе ќе ја намали нашата независност во однос на надворешните политики, а ова ќе се одрази и на трговијата. ЕУ и покрај сите нејзини маани е одлична прилика за земјите во развој, како што е Македонија. Веруваме дека бројните можности кои ги нуди таа ќе ја подобрат земјата, но прашањето е, по која цена?

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks