Патриотско Друштво

2001: Битка за Арачиново

2001: Битка за Арачиново

Воениот конфликт од 2001 бил обележан со различни контроверзии и странски мешања во домашните политики. Ниедна битка не била поконтроверзна од познатата Битка во Арачиново. Оваа битка која се одвивала во периодот од 21 до 25 јуни се смета за клучен момент по кој војната можела да се заврши само користејќи политички средства. 

На почетокот на јуни ОНА го зазела Арачиново кое се наоѓа во непосредна близина на Скопје. Ова претставувало закана за главниот град и неговите институции, а уште позагрижувачки бил фактот дека во Арачиново имало од 1000 до 1500 албански терористи. Дополнително, терористите имале голема поддршка од месното население. На 18 јуни била донесена одлука да се разбијат единиците на ОНА во Арачиново, а самиот напад започнал три дена подоцна.

Самата акција течела без преголеми потешкотии и набрзо македонските сили влегле во Арачиново. Помал отпор имало од западната и северната страна, додека терористите имале добро организирани одбрани на исток и југ. Македонската армија ја покажала својата надмоќ над непријателот и веќе следниот ден го заземала најголемиот дел од Арачиново. Во овој момент конфликтот можел да се заврши со задавање на фатален удар на терористичките сили. Не дошло до воена победа на Македонија поради тоа што терористите истакнале бели знамиња во знак на предавање, а дополнително бил вршен голем притисок врз претседателот Борис Трајковски.

НАТО, ОБСЕ и македонскиот државен врв преговарале за начин на извлекување на терористите од Арачиново. Мешањето на највисоките органи во НАТО само ги потврдило сомнежите дека тие пружале значителна поддршка на терористите за време на конфликтот. Иако било договорено извлекувањето да се врши дење, возилата на НАТО одбивале да го напуштат селото пред вечерните часови. Како одговор на ова, македонските сили ги блокирале сите излези од Арачиново. 

Силите на НАТО биле спремни да употребат сила за да ги извлечат терористите и странските соработници кои ги обучувале. Неколку бомбардери на Алијансата се упатиле кон Македонија, а по додатен притисок ноќта 25 наспрема 26 јуни со помош на „Волците“ биле извлечени силите на НАТО од Арачиново. Во меѓувреме, македонскиот народ кој бил гневен од мешањето на НАТО и ЕУ протестирал, а потоа и упаднал во македонското Собрание. Повеќе од седум часа протестирале Македонци, полицајци резервисти и припадници на „Тигрите“.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks