Патриотско Друштво

Единица за брза интервенција „Лавови“

Единица за брза интервенција „Лавови“

Во текот на војната се појавила потреба од зголемување на човечката сила на сите бојни полиња. За да ги задоволи овие потреби, тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски ја претставил новата единица за брза интервенција. Така дошло до создавање на единицата „Лавови“. Оваа единица била активна само две години, а нејзиното распуштање довело до многу контроверзии. Контроверзии се јавиле и при самото формирање на единицата. Имено, претставници на НАТО и ОНА ги сметале Лавовите за паравоени формации на Македонци кои не биле службен дел од македонските безбедносни сили.

Во нејзиниот зенит единицата „Лавови“ броела околу 1300 членови. Нејзини најистакнати команданти се Горан Стојков и Горан Георгиевски – Мујо. Командант Горан Стојков си има поднесено оставка од функцијата поради политичките напори за што побрзо растурање на единицата. Командант Горан Георгиевски доживеал потрагична судбина од неговиот соборец. Политичките пресметки поврзани со Лавовите имаат фатален крај за командантот, кој во 2005 година бил застрелан од страна на Горан Стојковски – Линка. И двата команданти биле дел од црната листа на САД. Во текот на нејзиното постоење, единицата има изгубено три членови во заседата кај Требош.

„Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства, за да се бориме. Во она време во Македонија имаше многу „комити“ и „партизани“ што пееја песни и сечеа вени по кафеани. Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееја ни да помислат да отидат. Кога гледам како нè третираат и шиканираат од политичари до медиуми, срцето ми е некако празно. Се чувсвтвувам повредено и изневерено затоа што во оваа наша држава се искривува вистината. Ги гледам луѓето во очи, оние кои нè оговараат и напаѓаат, и забележувам дека ми го избегнуваат погледот. Тие се свесни што ни прават, но не знам дали знаат дека со тоа се омаловажуваат и негираат себеси.“ – изјавил Горан Георгиевски – Мујо за „Фокус“ во 2003 година

Што се однесува на вооружувањето на Лавовите, тие имале разновиден арсенал. Најкористен пиштол бил модел „Глок 17“. Потоа биле користени бројни пушки марка Застава, имено М70, М92, М76 и М93. Единицата располагала и со вооружување од СССР и Соединетите Американски Држави. 

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks