Патриотски приказни
Атентатот врз Рајко Даскалов
Рајко Даскалов бил бугарски политичар во владата на Александар Стамболиски кој бил значаен фактор во Земјоделската влада. Тој бил голем непријател на Организацијата и поддржувач на Нишкиот договор со кој се интензивирала репресијата врз ВМРО и македонската кауза. Обид за атентат врз Даскалов бил извршен на 15 декември 1922 година во Софија. Асен Даскалов фрлил бомба врз неговата кола, но Рајко успеал да избегне без никакви повреди.
Дипломатската мисија во Прага
Веќе следната година Рајко Даскалов бил испратен на дипломатска мисија во Прага. Само неколку месеци подоцна со државен удар била отстранета владата на Стамболиски во Бугарија. На 26 август истата година, Даскалов дознал колку е долга раката на ВМРО. Имено, сè се случило претпладне. Околу 11 часот, Даскалов излегол од неговиот стан со негов познаник, Иван Бојаџиев и Георги Босолов. Кога стигнал пред куќата број 16 на Холечкова улица, биле испукани три куршуми кон него, а четвртиот куршум го погодил Бојаџиев во образот.
Атентаторот и извршувањето
Атентаторот бил Јордан Цицонков од Штип, а организацијата на атентато била на Панчо Михајлов, под директен надзор на Тодор Александров. Од Михајлов добил лажен пасош на име Атанас Николов. По атентатот, ВМРО ја презело одговорноста за негова одбрана на суд. ВМРО го најмило познатиот адвокат Јан Ренер да го брани, и набрзо бил ослободен. Сепак, поради притисок од Југославија судксиот процес се повторил и тогаш Цицонков бил осуден на 20 години затвор. Во 1926 година се самоубил.
Одекот и последните зборови на атентаторот
На сослушувањето се посомневале дека атентаторот кажал лажно име. Кога за тоа го прашале, Николов само рекол:
„Нека напишат само дека Дасколов го убил еден Македонец“.
Маици
Дуксери