Идеологија, Историја, Независна Македонија, Политика

Бугарската стапица за Македонија

македонски национализам

Кога како Македонци реагираме на бугарскиот антимакедонски иредентизам, еден од омилените бугарски/бугаромански одговори е следнава реторика: „Албанците ви ја земаа државата, а вие се замарате со Бугарите“.

Мора да се признае дека дел од нивната поента е точна: оваа држава, која во 1991 се осамостои како национална држава на македонскиот народ, до денес се претвори во трета албанска држава. Албанскиот е службен јазик, Албанците се непропорционално застапени во владеачките структури, а нивните партии имаат пресудна улога при формирањето на влада и државни политики. Според бугароманите, ова е причина да останеме слепи и глуви во однос на нивната сопствена офанзива против македонската нација.

Зошто сме против бугарскиот иредентизам, во услови кога се соочуваме со албански иредентизам? Затоа што едниот иредентизам сака претворање на оваа држава во бинационална – што е веќе постигнато – и албанизација на територијата; другиот сака заменување на македонската национална свест со бугарска. Едниот удира на државата и телото, а другиот на националната свест и душата.

Илузијата за ‘големиот брат’ како заштитник

Бугароманите поставуваат лажен избор пред Македонците: или ќе станеме Бугари, или ќе дозволиме Албанците да ја земат целата држава – плус втората закана е физички поопасна од првата, па во крајна мера подобро е да се прифати помалото зло. Кај исплашените, потресените ова може и да упали, бидејќи нивниот ум не размислува рационално. Здравиот човек ќе праша: што ќе се промени во однос на албанското прашање доколку станеме Бугари? Албанците ќе се уплашат од „големиот брат“ и ќе побегнат преку Шара? Бугарски легии од исток ќе стигнат да им помогнат на преродените македонски Блгари? Бугарската самосвест ќе ги окуражи Македонците во одбрана на земјата? Колку веројатно ви звучат овие фантазии?

Вистината е дека не постои бугарска стратегија која би помогнала повеќе отколку што би помогнал македонскиот национализам, со разликата што последниов не би отстапил педа од македонската земја, додека историски Софија немала проблем да ја парчи Македонија и сака само да ја прошири својата контрола, без некаков подлабок план за унапредување на позицијата на тукашното население.

Историјата како учител: Поделби, договори и македонската осаменост

Конкретно во однос на албанското прашање кое бугароманите го користат како адут, ако сите станеме Бугари и бараме приклучување кон Бугарија за спас на македонската земја, тогаш шансите се многу поголеми дека ќе се постигне џентлменски договор помеѓу Софија и Тирана за поделба на Македонија како што се поделила Македонија во 1913 и 1941 од страна на Бугарија, со тоа што Македонците во Западна Македонија ќе бидат заборавени.

Другото сценарио е ако сите станеме Бугари, но Македонија остане независна држава. Во ова сценарио нема да се промени апсолутно ништо, бидејќи Бугарија и општо Бугарите не се свесни за овдешните етнички тензии и односот кој го имаат Македонците и Албанците низ историјата и денес. Македонците пак ќе бидат оставени сами на себе, како што сме и денес, бидејќи Бугарија размислува со главата во Софија, а таа глава не ги согледува македонските проблеми такви какви што се на теренот, туку ги толкува преку една надворешна, бугарска перцепција. Ова веќе било видено во историјата и е причината поради која ВМРО со помалку или повеќе успех не дозволувало туѓи елементи на македонската земја, водејќи борба со врховистички, грчки и српски чети. Тоа било така бидејќи и тогаш, како и сега, никој не ги знаел проблемите на Македонецот повеќе од освестениот Македонец, а да се препушта главната улога на оние кои не ја разбираат нашата позиција е како да се оди кај чевлар за препишување на лекови – шансите се дека исходот ќе биде кобен.

Да не бидеме кукавици и да се надеваме дека Софија, Белград, Москва или Брисел ќе не спаси, дека некој друг ќе ја води нашата борба. Една има Македонија и само Македонци ќе ја ослободат. Бугароманите можат да чекаат бугарски шинели и да кружат по лавиринтите на веќе минатите историски грешки, додека ние македонските националисти допрва ќе се докажеме во борбата која беше тешка и пред бугароманите да ни наметнат втор фронт од зад грб.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD