Антика, Историја

Древна Македонија и македонското кралство

Древна Македонија и македонското кралство

Античка Македонија бил регион кој опфаќал голем дел од Балканскиот Полуостров, посебно во североисточниот дел. Македонските територии и покрај сличностите се издвојувале од грчките држави и по културата и по јазикот, поради што често биле нарекувани варвари од хеленските полиси. Со текот на времето и под водство на Аргеадската династија на оваа територија се развило едно напредно, силно и обединето кралство. Како основач на древна Македонија се смета Пердика I. Сепак, големиот пробив на Македонија се случил во 4-тиот век пред нашата ера кога Аминта III ја зацврстил државата и ја направил значаен фактор на Балканот.

Времето на Филип II и воените реформи

Македонското кралство, а подоцна и империја, најмногу напреднале во времето на Филип II и неговиот син и наследник, Александар ||| Македонски. Реформите на Филип ја издигнале Македонија на ново ниво. Ја вовел познатата македонска фаланга како платена војска, направил коњаница, артилерија и ја зацврстил македонската монета. Водел повеќе војни со хеленските градови-држави, во кои походи успеал да воспостави македонска власт и на тие простори. Со победата над Атина и Теба и основањето на т.н.е Коринтски сојуз, Македонија успеала да ја одржи својата хегемонија над грчките полиси. Овој сојуз требало да игра голема улога и во планираниот поход над Персија.

Убиството на Филип II и подемот на Александар III

Во 336 година п.н.е., Филип бил убиен од Павзаниј, еден од неговите телохранители. На негово место на тронот седнал неговиот млад, но искусен наследник, Александар ||| Македонски. Тој ја преземал идејата на татко му и неколку години подоцна го започнал походот против Персија. Македонската империја го достигнала својот зенит во овој период. Границите на империјата се протегале до реката Инд на исток, го опфаќале Египет, Месопотамија, Персија, Балканскиот Полустров. Александар имал планови да го освои целиот познат свет, но поради ненадејната смрт на само 33 години, овие планови пропаднале.

Поделба на империјата и дијадосите

По смртта на Александар доаѓа до општ конфликт во врска со наследувањето на престолот. Дијадосите, генерали на македонската војска војувале меѓусебно, а по краток период успеале да се издвојат три поважни наследника:

  • Династијата на Птолемаидите во Египет
  • Династијата на Селевкидите на Блискиот Исток
  • Династијата на Антигонидите во Македонија и Грција