Патриотски приказни
Солунските атентати 1903
На денешен ден пред 120 години, гласот на поробената Македонија од Солун бил чуен низ целиот континент, преку челичната волја и саможртва на група македонски патриоти и анархисти – Гемиџиите.
Родови и образование на Гемиџиите
Гемиџиите биле млади интелектуалци, повеќето од Велес и на возраст од околу 20 години, кои дошле во контакт со револуционерните идеи во Солунската гимназија и биле радикализирани со анархистички идеи од учителот Славе Мерџанов (Бугарин од левата анархистичка Женевска група). Студентската група дошла до ставот дека треба да се привлече светското внимание и предизвика револуција преку употреба на терористички акции и атентати.
До идејата за солунските атентати се дошло преку еден друг, уште поспектакуларен план на учителот Мерџанов: атентат врз султанот Абдул Хамид II во Цариград. Се планирале и терористички напади од страна на анархистички ќелии во повеќе градови, а за таа цел му било пристапено на Борис Сарафов, тогаш на чело на Врховниот комитет, кој се согласил да пружи финансиски средства за поддршка на нападите. Во организацијата учествувале и ерменски револуционери.
Било согледано дека атентат врз султанот е невозможен чин. Цариградската ќелија била провалена, одринската ќелија го откажала планот за акција, а копањето на тунелот во Солун под банката било одложено до снабдувањето со експлозив. Кога експлозивот бил набавен операцијата продолжила, наспроти несогласувањето на ВМРО која стравувала дека таква акција може да ги осуети плановите за востание.
Солунските атентати и последици
Солунските атентати започнале во април 1903 год.: на 28 април биле разнесени францускиот брод „Гвадалкивир“ и пругата Солун-Цариград; на 29 бил уништен гасовиот цевковод и прекинато снабдувањето со вода и осветлување, била разнесена Отоманската банка, а биле фрлени бомби врз летниот театар „Алхамбра“, „Гранд Хотел“ и други места, со вкупно 60 бомби фрлени по улиците на Солун; на 30 имало неуспешен обид за уништување на телеграфската станица и убиство на валијата.
Атентатите силно одекнале во европската јавност, но не со очекуваниот ефект. 6 гемиџии биле убиени и 4 заробени, а во нападите загинале и 10 други лица. На 1 мај започнал терор во Солун, во кој биле убиени над 200 Македонци, а уапсени 2000.
Слава им!
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери