Патриотски приказни
Христијанството и Македонија
Македонството на еден Македонец не зависи само од неговата свест, а уште помалку од неговото државјанство, а ниту пак зависи од неговата вера, бидејќи неговата национална припадност е пред сè биолошки одредена од неговото раѓање.
Поради тоа не би можело да се каже дека за да бидеш Македонец мора да си христијанин. А сепак, христијанството е многу значаен елемент на македонската нација, на нашето минато и нашата култура.
Христијанските споменици и културното наследство
Најважните македонски споменици на културата подигнати од човечка рака се црквите и манастирите, кои се издигнуваат над македонската земја и кои се стари и по илјада години. Своевремено тие биле израз не само на развиената духовна, но и уметничка култура на нашите предци, кои ја искажувале преку величествените фрески и икони кои ги украсувале црквите.
Македонија под османлиска власт
По падот под османлиска власт, додека во остатокот од Европа се развивала и верската, но и секуларната архитектура, литература и уметност, во Македонија состојбата била значително потешка без услови за таков развој.
Тука не се граделе замоци и палати, или богато украсени цркви – туку и голем дел од тие што веќе постоеле биле запуштени или преобратени во џамии. Потчинетата и второразредна положба на Македонците не дозволувала развој на економски силна македонска елита која би финансирала изградба или оддржување на такви градби, или би поддржувала развој на литературата.
Улогата на духовниците и уметноста
Дури и во тие тешки времиња, писменоста зачната од Св. Кирил и Методиј (со цел проповедање на Словото) била сочувана токму во манастирските ќелии, а впрочем и преродбата во Македонија била започната од христијански духовници.
Мајсторските тајфи од 18–19 век се одговорни за фрескописи и иконостаси во црквите кои по својата убавина се рамнат со уметноста во некои од најпознатите европски катедрали: ренесансата и барокот Македонија ги доживува во своите цркви и манастири.
Традицијата како живо сведоштво
Ако трагате по древните обичаи на нашите предци, отидете во најблиската црква во недела: на богослужбата ќе видите традиции и ќе чуете молитви и химни кои во скоро неизменета форма биле сочувани од нашите предци уште од римско време.
А кога сте веќе таму, обрнете внимание на вештината со која се изработени фреските и иконите – израз на нашата вековна народна уметност.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери