ВМРО, Историја, Османлиски период, Прва светска војна

Христо Матов: Заборавениот стратег на ВМРО

Христо Матов

На денешен ден во 1872 година во Струга бил роден Христо Матов. Кога се набројуваат најистакнатите дејци на ВМРО, Матов е ретко помеѓу нив. Покрај тоа што го посветил својот живот на борбата за слобода на Македонија, тој завршил на маргините на македонската историографија поради тоа што бил еден од водачите на десницата во ВМРО по Илинденското востание – дејство оценето како еретичко од страна на историографијата на СФРЈ и СРМ. Денес, во време кога на располагање имаме огромен извор на информации и изворни документи, е редно време да му оддадеме должна почит и помен на овој револуционер.

Врвен идеолог и стратег на Организацијата

Христо Матов бил зачленет во ВМРО во 1895 година преку Даме Груев, а во 1898 година станал дел од ЦК на организацијата. Во текот на својата долга дејност во македонското револуционерно движење, тој се истакнал како еден од најголемите идеолози, теоретичари, стратези и филозофи кои организацијата ги имала на располагање (во таа сфера тој го делел првото место со Ѓорче Петров). Од сите великани на ВМРО, Матов е помеѓу оние кои делуваат најдолго. Напишал опширна и значајна литература со револуционерна и теоретска тематика, значајни се и неговите политички статии и есеи насочени против непријателските претензии во Македонија, а оставил и голема трага во нормите, начелата и начинот на делување на ВМРО.

Воен придонес и учество во војните за ослободување

Покрај неговата интелектуална придонес во борбата за Македонија, тој зел и учество во Балканските војни како доброволец во Македонско-одринското ополчение, а во ПСВ служел како дел од штабот на бугарската војска.

Вечна слава за големиот македонски деец

Христо Матов е несомнено еден од најголемите и најистакнатите дејци на ВМРО. Како таков бил признаен и од неговите современици. Затоа, му оддаваме почит и велиме: вечна слава на идеологот на организацијата!

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD