Патриотски приказни
Христо Узунов: Последната битка во село Цер
На 23 април 1905 година охридскиот војвода Христо Узунов со чета од вкупно 13 души, заедно со војводите Ванчо Србаков (кичевско-поречки) и Петар Георгиев (битолски), влегле во селото Цер во Кичевско. Најверојатно по извршено предавство, четата била опколена од турски аскер во ноќта. Четата немала избор – не очекувала помош и единствената опција била да се пробие обрачот. Ванчо Србаков решил на свој ризик со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, но не успеал, а бил убиен и уште еден четник. На 24 април, соочени со сигурен пораз, односно смрт или заробување, четата во куќата на Костадиница Стојанова Паунова донела одлука. Тоа што следело била една од најголемите саможртви во македонската историја, достојно на паролата „слобода или смрт“. Сите пушки биле собрани на куп, а четниците се поздравиле за последен пат. Тогаш Узунов еден по еден ги застрелал сите свои соборци, за на крајот самиот да си го одземе животот.
Сведоштвото на Еторе Лоди
Следниот ден на местото на настанот пристигнал Италијанецот Еторе Лоди, кој бил член на меѓународната жандармерија во Османлиското Царство. Тој запишал: „На другиот ден после бојот во Цер ја видов страшната слика што никогаш нема да ја заборавам – труповите на единаесет млади јунаци, сите со отворени рани по градите и по челото… Ја видов Македонија во тој момент – велика, непобедива маченица!“
Човечкиот елемент на историската жртва
Претсмртното писмо на Узунов, кое го напишал додека куќата била опколена, а го дал на Спировица, е неверојатно сведоштво за спокојот на умот на еден херој соочен со смртта. Препорачувам сите кои досега не го прочитале да го сторат тоа и да пробаат да се замислат себеси во таква ситуација, затоа што многу често се фокусираме на бројките, статистиките и митологијата, заборавајќи го човечкиот елемент на ваквите историски настани.
Ние помниме! Вечна слава на паднатите!
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери