Патриотски приказни
ИЛИНДЕН – национален празник на Македонците
Илинден е најголемиот македонски национален празник. Ден кога се разгорува националниот дух на Македонците, кога си спомнуваме за тешките времиња кои нашите предци ги пребродиле и жртвите кои ги дале за нивната и нашата слобода.
Политизација на прославите
За време на владејачката гарнитура на антимакедонската СДС, Илинден се претвори во повод за партиска пропаганда и величење на мултиетничкиот карактер на нашата земја. Македонскиот национализам, па дури и патриотизам, немаат место на прославите.
Контрааргументот за „заедничка слободарска борба“
На Македонците кои им сметаат двојазичните најави за празникот, албанските танцови и празничните обраќања од поранешен терорист на УЧК од Мечкин Камен, често им се упатува противаргумент дека Илинден – ниту тој од 1903, ниту тој од 1944 – никогаш не ја означувал само македонската борба, туку заедничката слободарска борба на сите народи од Македонија: сепак, нели и Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ говорат за заедништво?
За Крушевскиот манифест и АСНОМ
Таа теза е само ЛАГА и искривување на македонската историја. Како прво, Крушевскиот манифест е текст прв пат објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 г. Најверојатно таков документ не постоел за време на Илинденското востание, но да претпоставиме дека постоел – и во него и во Манифестот на АСНОМ од 1944 г. Македонците се обраќаат кон другите. Македонците се тие кои повикуваат, бидејќи тие ја предводат и револуционерната и народноослободителната борба за ослободување на Македонија и се мнозинство и во ВМРО и во НОВ. Проверете ги имињата на борците и кажете дали бројноста на малцинствата била и е пропорционална на демографската слика во Македонија.
Учеството на малцинствата – очекувања и стварност
Надежта била дека малцинствата ќе помогнат, но стварноста е дека тие повици биле НЕУСПЕШНИ. И во 1903 и во 1944 г., Албанците биле незначителен број од учесниците во борбата за слободна Македонија, а поддршката од нив била на ниво на поединци во споредба со бројноста на башибозукот и балистите. Нашите предци сакале да има заедништво – тоа би овозможило поголема бројност и стабилност, но до тоа не дошло.
Историјата и соживотот денес
Историјата НЕ СМЕЕ да се извртува. Соживот и разбирање помеѓу нашите народи треба да има, но треба да се заснова на стварноста, а не на измислени приказни за братство и единство кое никогаш не постоело.
Споредба низ три периоди
- За време на Илинден 1903 г. мнозинството Албанци на територијата на Македонија биле рамнодушни за борбата на македонските востаници, а мнозинството од тие кои се фатиле за оружје учествувале во башибозучки одреди ПРОТИВ востаниците;
- За време на Илинден 1944 г. огромното мнозинство Албанци кои биле под оружје се бореле ПРОТИВ идеалот за создавање на македонска држава и ЗА Голема Албанија и вршеле терор врз македонското население во окупирана Западна Македонија;
- За време на секој Илинден во независна Македонија нема свечено одбележување на празникот во мнозински албански населени места, нема самоволно истакнување на македонски знамиња од Албанци, нема Албанци на Мечкин Камен и во Пелинце.
Заклучок и повик
Очигледно е дека Албанците НЕ го чувствуваат Илинден како свој празник – немаат ниту историска основа за да го празнуваат, ниту пак нивниот денешен светоглед овозможува прифаќање на празникот во нивните средини. Двојазичната празнична програма и албанските танцови на Мечкин Камен НЕМА да ја променат таа стварност, туку само ќе послужат како навреда за Македонците и за жртвата на предците. Владејачките гарнитури треба да го остават Македонецот да си го прославува СВОЈОТ празник со гордост и свеченостите да ги организираат на начин на кој ќе биде возвишен македонскиот национален дух.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD.
Маици
Дуксери