Идеологија, Политика, Религија

Исламот – закана број еден за Западот?

Ислам Број Еден Закана Европа

Кога започнаа и зачестија големите исламистички терористички напади низ Европа во 2015 година – истата година кога се случија и настаните од Диво Насеље, во периодот на зенитот на моќта на ИСИС и на постојаните вести за масакри врз христијаните од Блискиот Исток – сè повеќе луѓе започнаа да се будат и да се спротивставуваат на имиграцијата и исламизацијата на Западот.

Сепак, се приметува очигледна разлика во однесувањето помеѓу муслиманските имигранти од Азија и Африка споредено со европските „домородни“ муслимани како Албанците, а особено Бошњаците и други балкански словенски муслимани.

Истражувањата и бројките

Истражување од Pew Research Center објавено во 2013 година ги прикажува токму тие разлики кај испитаници од доминантно или значително муслимански земји низ различни континенти, во однос на неколку прашања поврзани со исламот.

  • На прашањето „Дали сте за шеријатско право во вашата држава?“ (во 38 држави):
    • Авганистан – 99%,
    • Ирак – 91%,
    • Малезија и Нигер – 86%.
    • На Балканот: Косово – 20%, БиХ – 15%, Албанија – 12%.
    • Најмала поддршка: Турција (12%), Казахстан (10%), Азербејџан (8%).
  • На прашањето „Дали поддржувате каменување како казна за прељуба?“
    (без резултати за Африка):
    • Пакистан – 89%, Авганистан – 85%, Палестина – 84%.
    • На Балканот: Косово и Албанија – 25%, БиХ – 21%.
  • На прашањето „Дали сте за смртна казна за напуштање на исламот?“
    • Најмала поддршка: Казахстан (4%), Албанија (8%), Косово (11%), БиХ (15%).
    • Најголема: Египет (86%), Јордан (82%), Авганистан (79%) и други азиски држави.

Културните разлики меѓу муслиманските народи

Заклучокот од оваа анкета е дека постојат значителни разлики меѓу муслиманските народи.

Разликата помеѓу Албанците и Бошњаците, и Авганистанците и Пакистанците, е во народните традиции и културните влијанија низ вековите. Првите се европски народи кои гравитираат кон европското културно и морално јадро, а вторите потекнуваат од средини на кои тоа јадро им е туѓо.

Иако преку исламот – создаден како алатка за политичко обединување на Арапите – дури и кај домородните европски муслимани се пренеле некои арапски и источни вредности, тие сепак се поблиски до европската цивилизација отколку до народите во Африка и Азија.

Имиграцијата не е исто што и ислам

Поистоветувањето на имигрантската инвазија врз Европа како едно исто со исламска инвазија не е сосема точно, бидејќи во самиот континент веќе има доминантно муслимански народи кои не можат да се стават во ист кош со Сомалијци и Пакистанци.

Дополнително, верата е личен израз – таа не е нешто непроменето.

Ако, на пример, Европа ги отвори портите за милиони африкански христијани, бидејќи тие се сметаат за поблиски до традиционалните европски вредности, нема гаранција дека нивните потомци ќе останат христијани и ќе ги споделуваат истите морални норми.
Едно е сигурно: демографската слика на континентот засекогаш ќе се промени.

Европските муслимани како дел од континенталното ткиво

Албанците и Бошњаците некогаш биле христијани, а денес се мнозински муслимани – но тие се потомци на своите предци, од иста крв и дел од европското семејство народи.

Македонците муслимани не споделуваат иста вера со Македонците христијани, но заедно споделуваат јазик, национална припадност и потекло.

Од друга страна, со Пакистанците, Арапите, Тунижаните и Сомалијците не споделуваме ништо – тие доаѓаат од средини со целосно спротивни културни и морални вредности, а искуството покажува дека не се способни да се интегрираат во европските општества.

Вистинската закана

Вистинската закана за Европа не е исламот како религија, туку наметнувањето на туѓи и спротивни светогледи на оние што ја формирале европската цивилизација.

Тие опасности доаѓаат преку масовната имиграција на неевропски народи, чие потекло и вредности немаат поврзаност со европското тло и не сочувствуваат со европските народи.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *