Патриотски приказни
Каде припаѓа вашата верност?
Поради тоа што целосната посветеност кон сопствената нација се карактеризира како фашизам и националсоцијализам, луѓето (особено политичарите) во нивниот напор да се оддалечат од фашизмот се оддалечуваат од сопствените национални интереси. Истакнуваат колку големи љубители на различностите се тие, колку ги сакаат малцинските заедници, колку ромски, албански и црнечки пријатели имаат. Истакнуваат колку би било убаво сите да сме различни во татковината и како сите треба да се почитуваме.
Проблемот со лажниот космополитизам
Не е проблемот во тоа што треба да ги почитуваме останатите, туку во тоа што еден политичар, а пред сѐ еден Македонец, треба без срам и страв да се залага првенствено и единствено за македонските национални интереси. Сѐ останато е споредна работа. Реториката за различностите, за љубов кон народите на светот и слично, по автоматизам го става македонскиот народ на второ место.
Верност и љубов кон своето
Човек што ги љуби сите – не љуби никого. Ако не се согласувате, одговорете си самите себеси: дали навистина ги сакате своите мајка и татко, ако ги сакате исто колку што ги сакате и маалскиот пекар и берберот? Можно ли е да го сакате своето дете исто колку што ги сакате сите други деца што ќе ги видите на улица? Каков родител би биле вие доколку размислувате така? Каков Македонец и каков човек сте вие доколку ги сакате соседите исто колку и своето семејство и туѓите народи исто колку и својот народ?
Нормалноста на љубовта кон своето
Нема ништо срамно и нечовечко во тоа да ги сакате своите родители, браќа и сестри повеќе отколку што ги сакате соседите од вашиот влез или вашата улица. Нормално е тоа што секогаш ќе го ставате доброто на своето семејство пред доброто на соседите. Нормално е тоа што секогаш ќе го ставате доброто на вашиот народ пред доброто на соседните народи. Нормално е тоа што секогаш ќе го ставате доброто на вашата раса пред доброто на другите раси. Имајте став и не се срамете да го сакате своето.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери