Патриотски приказни
Закони без граница: критика на родовата еднаквост
Неолибералната влада се обидува да го озакони безумието со предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција. За да се појасни зошто секој умствено здрав човек треба да се спротивстави на овој обид, треба да се истакнат неколку поенти од предлог законот за родова еднаквост.
Што предвидува законот за родова еднаквост
Еве ја дефиницијата за род:
Член 4 точка 3: „Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот родот што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и друго.“
Од истиот член, точка 6: „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата ДО 18 годишна возраст.“
Понатаму во точка 8: „Лице со разновидни родови идентитети“ е секое лице кое не се идентификува во БИНАРНИТЕ идентитети на жена или маж, а ги опфаќа и трансродовите лица, транссексуалците, интерсексуалците и родово НЕБИНАРНИТЕ лица.“
Последици од законски дефиниран „родов идентитет“
Што значат овие дефиниции? Родов идентитет, кој ќе биде вклучен во личната карта, може да биде одреден од секое лице врз основа на ВНАТРЕШНО доживување. Значи, маж може легално да се идентификува како жена, но и не само тоа: се спомнуваат „разнородни родови идентитети“, што значи дека тој маж ќе може да се идентификува и со животни, растенија или имагинарни категории чиј распон завршува со крајот на можностите на човечката имагинација. И уште потрагично, овие одредби ги опфаќаат и ЛИЦАТА ДО 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ. Не ОД, туку ДО – што значи дека деца од трето одделение ќе можат да побараат да бидат легално заведени како куче, тетратка, столче.
Понтаму, член 23 точка 5: “(Комисијата за родова еднаквост) покренува иницијативи и промовира активности за општествени и културни промени со цел искоренување на предрасудите, стереотипите, обичаите, традициите и сите други штетни практики во остварување на родовата еднаквост“ – од ова произлегува дека не само што ќе се озакони безумието, туку и ќе биде промовирано од државната каса која ја полниме ние.
Ова треба да го сметаме за нормално? Сѐ си има граница. 29 јуни (четврток), 18:00 во Соборен храм во Скопје.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери