ВМРО, Историја, Османлиски период

Вистината за Крушевскиот манифест

Крушевски манифест

Крушевскиот манифест –симбол на прогресивноста, напредните идеи и космополитизмот на Македонецот. Национална гордост на македонскиот народ. Завет за соживот и одржување на здраво мултиетничко општество во Македонија. Или барем така размислува македонската јавност и просечниот Македонец. Која е вистината?

Најпрво, да спомнеме околу автентичноста на документот. Текстот на Манифестот првпат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 г. Некои Манифестот му го припишуваат на Никола Карев, а некои ја оспоруваат неговата автентичност, бидејќи никогаш не бил пронајден оригинален текст од 1903 г. – доколку навистина постоел.

Автентичноста на „светиот“ документ

Прашањето дали прочуениот Крушевски манифест навистина постоел или не, ќе го оставиме за во некоја друга прилика, бидејќи тоа не е главното прашање со кое ќе се занимаваме во овој текст. Повеќе би сакал да се задржиме на содржината на Манифестот.

Една од мааните на модерниот Македонец е што прифаќа сѐ што му се сервира, без никаква љубопитност, без никакво испитување на материјалот што му е приложен. Крушевскиот манифест вели дека ние Македонците отсекогаш сме живееле во мир и соживот со нашите соседи Албанци и Турци и тоа е доволно за Македонецот да викне „ете, гледате ли, ние сите сме браќа, само KLETITE POLITICARI нѐ караат меѓусебно од памтивек!“.

Илузијата за вековниот мирен соживот

Како прво: дали навистина Македонецот секогаш живеел во мир и соживот со неговите туѓородни соседи? Секако дека не. До времето кога е наводно објавен манифестот, Македонија и Македонците многу претрпеле од албанските разбојнички банди и од турските окупатори. Илјадници македонски села биле запалени и ограбени, илјадници Македонци биле убиени, илјадници Македонки силувани и присилно отуѓени од своите семејства. Таквиот терор продолжил и во наредните децении, а за жал продолжува и до ден денешен. Тоа што бил напишан благоречив манифест не ја менува реалната состојба.

Како второ: Крушевскиот манифест имал една цел. Не ширење на љубов и другарување, туку пацифизирање на муслиманското население. Да се одврати од борба против востаниците. Тоа е единствената вистинска цел која тој ја претставувал. И тоа е сосема оправдано.

Воена стратегија наместо искрена љубов

Без разлика на тоа што секоја година едното истото е повторувано од неуките, Манифестот не успеал во својата намера. Башибозук составен од Албанци и Турци во Македонија учествувал во задушувањето на Илинденското востание ширум целата територија опфатена од него. На огромна жалост на космополитите, аргументот „не биле сите исти, не сите Албанци учествувале во задушувањето на востанието“ е целосно безвреден, бидејќи иако илјадници или десетици илјади Албанци зеле учество во задушувањето на востанието, ниту еден Албанец не им се придружил на редовите на македонските комити. Секако, не можеме да ги обвиниме Албанците за неучество во востанието, бидејќи нивното учество не било очекувано. Меѓутоа можеме да ги обвиниме за масовно учество во неговото задушување, или барем да прекинеме да зборуваме за некакво имагинарно историско пријателство и братство.

Поуките од Костурско: Сила наместо хартија

Историјата е сведок дека македонските востаници биле најорганизирани и најсилни во Костурско, каде што се воделе и едни од најжестоките битки против Османлиите. По што се разликувале дејствата на востаниците во Костурско и остатокот од Македонија? Таму, предводени од легендарните војводи Лазар Поп Трајков, Васил Чакаларов и други, востаниците го пацифизирале муслиманското население на многу поефикасен начин од Илинденците во Крушевскиот регион. Тоа го сториле преку употреба на сила и разорување на муслиманските села кои во минатото го тероризирале македонското население. На тој начин, османлиските власти биле лишени од поддршката и помошта на месни башибозучки одреди.

Затоа, мои драги Македонци, не го возвишувајте Крушевскиот манифест како некакво божество. Не дозволувајте да ве изигруваат со старите комунистички приказни за братство и единство засновани на историски невистини. За нас Македонците пред сѐ друго стојат нашите браќа и сестри Македонци. Секогаш мислете на своето пред сѐ и бидете верни на своето.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD