Патриотски приказни
Ликвидација на балистите (1944–1948)
Во една од минатогодишните објави беше пишувано за ослободувањето на Западна Македонија во есента 1944 г. од страна на македонската Народноослободителна војска. Таму беше спомнато и за некои пропусти во справувањето со балистите и незадоволството на Македонците поради тоа, а во оваа објава ќе надополниме со повеќе податоци за да се добие целосна слика.
Пријавување на поранешни балисти во НОВ и првични мерки
За време на македонската офанзива, голем дел од довчерашните балисти – за да не бидат ликвидирани или затворени – започнале да се пријавуваат како борци во новоформираните бригади, што оставило лош впечаток помеѓу населението. На тој начин голем дел од албанските разбојници успеале да ѝ избегаат на правдата; други избегале во Албанија и Косово, а „најитри“ биле најодговорните, односно оние личности кои имале политичка власт за време на италијанско-албанската окупација и спроведувале антимакедонска политика – тие први ја дочекале македонската војска, па дури со цели жандармериски одреди преминувале на страната на новата власт.Сепак, покрај пропустите, новите македонски власти преземале мерки за разбивање на преостанатите балистички банди, собирање на нивното оружје и пронаоѓање на оние кои извршиле престапи. За таа цел биле блокирани градовите во З. Македонија и се вршеле претреси.
Струга: извештај на ОЗНА
Според извештај на ОЗНА, по ослободувањето на Струга (ноември 1944 г.) таа не била известена за претресот во градот кој оставил лош впечаток поради лошото држење кон народот од страна на војниците на 4-та македонско-албанска бригада, составена мнозински од Албанци, а голем дел од нив поранешни балисти. Балистичките групи веќе биле повлечени кон Кичево, а Албанците кои биле дојдени во Струга во изминатите три години биле иселени.
Кичево: блокади и разоружување
Во Кичево (според истиот извештај од горе се вели дека „народот нѐ пречека одушевено, особено христијанскиот свет. Малку беа муслиманите кои се израдуваа од нашето доаѓање. Повеќето од нив избегаа за Гостивар и Тетово…“) била поставена блокада и биле уапсени многу Албанци и муслимани, а кога другите муслимани го виделе тоа започнале сами да го предаваат оружјето.
Гостивар: масовни претреси и логор
Во Гостивар имало информација дека голем број вооружени балисти останале во градот, па при блокадата биле претресени сите куќи и се одземало оружјето, а скоро сите мажи биле отерани во логор како воени заробеници. Подоцна од нив биле оделени воените злосторници и пратени во затвори или на принудна работа, додека најголемиот дел биле пуштени. Се апселе и „шпиуни (Македонци) и дражичевци“.
Тетово: собирен центар и мобилизација
При блокадата во Тетово бил формиран собирен центар во кој биле сместени 1.000 луѓе, па од таму дел од тие што биле обвинети за воени злосторства биле затворени, а дел доброволно или мобилизирани биле приклучени во единиците на НОВ.
Повлекување на бандите и потерата (1945–1948)
Со ослободувањето на градовите, преостанатите балистички формации повеќе немале свои главни упоришта и дел побегнале во Албанија и Косово, а дел се криеле по планините и селата во Македонија. Тие биле гонети во периодот 1945-48 од ОЗНА/УДБА и македонските власти. Уште од почетокот на 1945 г., ОЗНА во Македонија организирала опсежна потрага по Џемо Хасани, еден од водачите на балистите во Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со некои од неговите телохранители, кои се обврзале да го заробат или ликвидираат Џемо во возврат за слобода. Тие во мај го убиле Џемо на Кораб, а неговата глава била донесена во Гостивар. Неколку години подоцна, тие исто така настрадале поради соработка со албанските служби: тројца од нив биле осудени на смрт и погубени. Уште еден истакнат балист, Мефаил Шеху, кој бил одговорен за бројни злосторства против македонското население, во октомври 1945 г. бил откриен со својата банда во местото „Арап Кула“ во Тетовско и ликвидиран од македонските сили. Потоа, во 1947 г. со замка бил заробен балистот Суљо Отља, чија банда се движела во Кумановско. Двајца агенти на ОЗНА, инфилтрирани во неговата група, го убедиле дека можат да му обезбедат премин преку грчката граница. Наместо тоа, бил одведен во заседа со неговите 8 балисти и сите биле заробени. Истата година бил убиен Абдул Дура, а Акиф Речани бил ликвидиран со целата своја група. Ариф Арифи Капетан бил убиен наредната година во с. Желино во судир со македонската милиција.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери