Идеологија

„Демократијата е постара сестра на комунизмот“

Љотиќ демократија комунизам

„Democracy is the older sister of communism, of the same family, the same individualistic father. Both communism and democracy shatter the community: communism through the class struggle and democracy through the the civil war of political parties“ – Димитрије Љотиќ.

Од Егејска Македонија до српската политичка сцена

Димитрије Љотиќ (1891-1945) бил српски и југословенски политичар и идеолог, познат како основач на Југословенското народно движење „Збор“. Потекнувал од фамилија која имала блиски односи со династијата Караѓорѓевиќ, а интересно е што неговите предци воделе потекло од с. Блаца во Костурско, Егејска Македонија, пред да се преселат во Смедерово во  18-19 век. Се борел во редовите на српската армија во Балканските војни и ПСВ, а по војните започнал политичка кариера.

Идеологијата на „Збор” и соработката со Германија

Врз развојот на политичките гледишта влијаел и неговиот едногодишен престој во Париз, каде што отишол на студии во 1913 год. Таму посетувал состаноци на монархистички партии и дошол во допир со националистичките и прото-фашистички идеи на Шарл Морас, еден од основачите на Action Française. Љотиќ во 1934 год. стапил во контакт со три профашистички движења во Кралството Југославија и наредната 1935 год. со нивното спојување било основано движењето (наскоро партија) „Збор“ со Љотиќ како претседател, а Хрват и Словенец потпретседатели. Членството било предоминантно српско и Љотиќ се залагал за планирана економија, корпоратизам, христијански вредности (Љотиќ бил ревносен христијанин) и обединета Југославија со цврста централна власт предводена од кралот.

Љотиќ се противел на либералната демократија и имал антисемитички гледишта – го сметал фашизмот за единствената форма на отпор против глобалната еврејска контрола, но често ја истакнувал разликата помеѓу фашизмот на „Збор“ и италијанскиот фашизам и германскиот националсоцијализам. Поради неговите прогермански гледишта и врски со германската НацСоц власт бил непопуларен помеѓу српските народни маси, кои во тоа време биле предоминантно антигермански и никогаш не се стекнал со масовна поддршка.

Во текот на ВСВ соработувал со Германците и бил идеен водач на Српскиот доброволен корпус, придонесувајќи во борбата против комунистите. Загинал во сообраќајна несреќа пред крајот на војната во 1945 год.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD