Идеологија

Македонец, а не граѓанин на светот

Македонец, а не граѓанин на светот

Ние не бираме во кое семејство, племе или народ ќе се родиме. Но кога веќе судбината нѝ го одредила тоа, ние не можеме да сториме ништо за да промениме кои сме и што сме.

Ние можеме да се претставуваме како граѓани на светот, кои не познаваат граници и ги љубат сите луѓе подеднакво, но тоа може да биде само убава приказна која си ја кажуваме себеси.

Ние лично можеме да се натераме да не распознаваме народи, раси, верски групи, но никогаш нема да го натераме секој човек на планетата да размислува исто.

Космополитизмот и суровата реалност

Тоа што многу европски жени истакнуваа космополитски пароли не им прави разлика на имигрантите од земји со различна култура, каде што жените се практично алатка и менлива роба, која може да биде злоставувана поради непокривање на својот глужд.

За жал, многу Германки, Швеѓанки и Французинки го разбраа тоа на потешкиот начин.

Тоа што некој во Босна во 90-тите се идентификувал како Југословен не им правело разлика на српските, хрватските или муслиманските војници кои дошле во неговото село и го заклале бидејќи не припаѓал на нивната група.

Тоа што некој белец од САД објавил „BLM“ слика на социјалните мрежи и се срами што е белец, не прави разлика кога црнечка банда ќе види бел „кракер“ во нивното маало.

Историските поуки: Југославија и СССР

Кога се создала социјалистичка Југославија – конгломерат од многу народи – сите оние крвави меѓусебни спорови биле сокриени под тепих и сѐ било супер – сѐ додека повеќе не било супер.

Иста е приказната со мултиетничкиот, мултирасен СССР.

Крајот на двете приказни чинеше над 300.000 убиени и милиони протерани луѓе.

Дали тоа е правилно или не, не е темата на овој текст – но тоа е реалноста, неизбежна кога различни народи се присилени да ги заборават своите разлики и да живеат под ист кров.

Македонец – идентитет и безбедноста

Македонецот може да ми наштети од разни причини, но нема да ме убие затоа што сум Македонец.

Само со Македонци јас можам да се чувствувам безбеден дека утре нема да избие внатрешен крвав конфликт.

Секое друго сценарио остава простор за судири во иднина – а историјата покажува дека тоа е неизбежно.

Не ја напуштајте својата група – така само ја слабеете и станувате полесна мета.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD