Патриотски приказни
Македонска синтеза
Македонскиот народ во поновата историја помни два големи организирани напори и стремежи за слобода: револуционерната борба помеѓу 1893–1934 год. и народноослободителната борба помеѓу 1941–1949 год.
Едната борба подолга и поорганизирана, другата пократка и поинтензивна. Двете исполнети со многу примери на бескрајна пожртвуваност и херојство.
Подвоеност меѓу Македонците
Денес помеѓу Македонците постои подвоеност, па најчесто се слави едната или другата борба, со длабоки поделби и полемики за тоа кои се „добрите“, а кои се „лошите“.
Ставот на мнозинството чудесно се поклопува со наративот на комунистичката историографија кој бил (и сѐ уште е) систематски пропагиран во нашата земја веќе осум децении, а кој е насочен против сите оние елементи на ВМРО кои не биле лево настроени, по автоматизам отфрлувајќи половина од историјата на ВМРО.
Од друга страна, како реакција на таа пропаганда, кај младите националисти се појавува одбивност и заминување во спротивен правец – отфрлување на НОБ и левичарските елементи од ВМРО.
Проблемите на идеолошката поделба
Има очигледни проблеми во таквата подвоеност:
- Историската поделба на леви и десни во денешни услови предизвикува непотребен раздор. Таа поделба припаѓа на други времиња и околности.
- Отфрлањето на ВМРО значи отфрлање на отпорот против српската окупација и ја олеснува великосрпската пропаганда.
- Отфрлањето на НОБ значи поткопување на македонската борба за национална самобитност и создавање простор за великобугарска пропаганда.
Оваа подвоеност создава опасна состојба: тие кои ја отфрлуваат ВМРО често се склони кон србоманство и марксизам, а тие кои ја отфрлуваат НОБ – кон бугарофилство. Таквата состојба е генератор на национално разединување и мора да биде надмината.
Патот кон синтеза
Одговорот може (и треба) да биде синтеза на идеалите од двете борби – идеалот на ВМРО за политичка автономија со идеалот на НОБ за национална самобитност.
Сакале или не, и ВМРО и НОБ се дел од нашата историја.
ВМРО и НОБ како два столба
Левичарите игнорираат дека ВМРО е единствената вистинска македонска народна сила во периодот 1893–1934 год., и дека секогаш имала за цел слобода на Македонија – и во времето на Груев и Делчев, и во времето на Александров, и во времето на Михајлов.
Десничарите, пак, игнорираат дека партизанското движење било најмасовниот македонски фактор во своето време и покажало поголема борбеност од било кој друг идеолошки или национален противник.
Ако масовноста на ВМРО е аргумент за правилноста на нејзината борба, тогаш масовноста на НОБ е подеднаков аргумент – и обратно.
Грешките на минатото
Во двете борби постојат и елементи кои историјата ги покажала како погрешни:
- Пробугарскиот елемент во ВМРО довел до поделби и иредентистички реакции од соседите;
- Комунистичката партија по Втората светска војна се пресметала со чесни борци, а самиот комунизам како идеологија се покажа како утопија.
Заклучок: борба за македонската идеја
Затоа, ги почитуваме предците, но во денешницата ги отстрануваме бугарството и комунизмот, а ја задржуваме борбата за македонската идеја – државна и национална.
Или ќе ја прифатиме оваа синтеза, или ќе останеме заробени во кругот на поделби и безнапредност.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери