Историја, Независна Македонија, Политика

Македонската армија во Ирак

Македонската војска во Ирак

Македонија, иако мала на светската карта, даде голем придонес во глобалната војна против тероризмот. Уште во 2003 година со голема поддршка, македонската армија зема големо учество во мисијата „Слобода за Ирак“. По рушењето на режимот на Садам Хусеин, во Ирак бил испратен вод за специјална намена. Овој вод учествувал во мисијата во состав на 4. пешадиска дивизија на Мултинационалните сили. Во последната година од нашето учество, беше испратен уште еден вод. Во годините кои македонските војници ги поминаа во Ирак, беа извршени 11 ротации, а вкупно учествувале 490 лица.

Обука и подготовка

„Подготовката на македонските војници беше прилично лесна бидејќи многу брзо се снаоѓаа. Тие ја добија истата обука во Кувајт како и сите други. Во Македонија, тие имаат пустинска зона за обука во центарот на земјата каде што ја завршија својата обука за војување пред да дојдат тука.“ – изјавија американски војници за АРМ.

Искуства од Ирак

„Ирачаните главно нè поврзуваа со поранешна Југославија. Но, во Вавилон, кога кажавме дека сме Македонци, луѓето нè допираа, сакаа да се сликаат со македонски војници. Американците се сликаа со нас до тврдината што ја освоил Александар Македонски, до, како што велеа ‘вашата некогашна престолнина’“ – раскажува Методи Хаџи Јанев.

Со својата посветеност и храброст, рамо до рамо со војниците од САД и другите коалициони партнери, нашите војници ја претставија Македонија достоинствено и во најдобро светло. Задачите во Ирак се состоеја од бројни предизвици, закани и опасности по нив. Сепак, припадниците на АРМ, „волците“ и сите други учесници ги извршувале со голема доза на професионалност и умешност. Доказ за тоа е и фактот дека сите учесници се вратиле дома безбедно.

Одликувања и признанија

За ефикасноста на нашата армија говорат и од САД. Имено, на македонските војници се доделени дури 119 американски одликувања – осум „Бронзени ѕвезди“, 43 армиски медали за достигнувања и 68 армиски медали за заслуги. На војниците овие медали им беа доделени лично од американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд.