Патриотски приказни
Подвигот на Мара Бунева
“Death to the tyrants”.
На 13 јануари 1928 година во Скопје, во 12 часот и 15 минути, кога Велимир Прелиќ (српскиот полициски началник во Скопје) се враќал од својата канцеларија крај кејот на Вардар по тогашната улица „Војвода Путник“ пред печатницата „Стара Србија“, бил пресретнат од една млада, убаво облечена жена, која го застрелала со три куршуми. Атентаторката Мара Бунева – 26 годишна, се обидела да го напушти местото, но кога била достигната од полицијата и телохранителот на Прелиќ таа се обидела да скокне во вардарските води, но неуспешно. Немајќи друга опција, Мара го насочила пиштолот кон своите гради и истрелала еден куршум.
Последните зборови на хероината
Животот го загубила следниот ден во болница, а едни од последните зборови во болничкиот кревет и биле „Ја сакам својата родина Македонија и умирам за неа“, посведочени од ерменскиот лекар кој присуствувал на нејзината операција. Прелиќ исто така бил однесен во болница во тешка состојба – го загубил животот два дена подоцна, на 15 јануари. Подвигот на Мара Бунева, „македонската Шарлота Корде“, бил одговор на Скопскиот студентски процес од минатата, 1927 година, кога им било судено на 20 студенти – активисти на ММТРО. Веста за атентатот силно одекнала во Македонија, а и во европскиот печат. Телото на загинатата хероина било фрлено негде или тајно закопано, бидејќи српските власти стравувале дека нејзиното вечно почивалиште може да стане место за поклонение.
Заборавен спомен и вечно дело
И денес, по скоро цел век од подвигот на Мара Бунева, таа се уште нема спомен обележје достојно за една таква хероина. Младата, образована жена која можела да живее долг и спокоен живот, која можела да ја остави борбата за слобода во рацете на македонските мажи без да се тревожи за состојбата во која се наоѓала нејзината родина – а сепак одлучила да го понесе плачот и гневот на Македонија на свои рамења и со свои раце да ја насочи одмаздата на нејзиниот народ кон окупаторот, па и по цена на сопствениот живот. Затоа што сите ние на овој свет сме смртници, а делото е вечно. Да живее Мара Бунева!
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери