Патриотски приказни
Марсејскиот атентат
На 9 октомври 1934 година Европа и светот ги потресе еден настан, настан кој уште еднаш покажа колку е долга раката на ВМРО. Се разбира, станува збор за атентатот врз југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во Марсеј. Се верува дека подготовките за атентатот започнале уште од 1932 година кога Черноземски ја напуштил Бугарија.
Подготовките за атентатот
Најголем дел од овие две години го поминал во Унгарија, каде истовремено бил и инструктор за стрелање на хрватските Усташи. Непосредно пред атентатот тој и група членови на усташката организација заминале за Швајцарија. Нив им се придружил и извесен Петар кој се верува дека всушност бил Анте Павелиќ. Организатор на атентатот бил познатиот Еуген Дидо Кватерник, втор по Павелиќ во хрватската организаицја. Утрото на 9 октомври Черноземски и Хрватот Мијо Крал го зеле оружјето од лицето со име Петар.
Извршувањето на атентатот
Планот бил Крал да активира бомба за Черноземски може да избега, но тоа не се случило. Француските служби не ги сфатиле сериозно гласините за можен атентат, па обезбедувањето било на доста ниско ниво. Била ангажирала локалната полиција која меѓу другото користела и коњи. Покрај тоа, постои можност намерно да бил повлечен моторизираниот одред кој требало да го обезбедува гостинот. Во 16:20 минути од толпата излегол Черноземски. Тој бил побрз од обезбедувачите, го извадил пиштолот „Маузер“ и испукал повеќе куршуми. Со два истрели бил убиен кралот, а биле погодени и министерот Луј Барту и генералот Жорж. Барту подоцна подлегнал на повредите поради лоша хируршка интервенција.
Хаосот по пукањето и судската истрага
Во пукотницата која настанала биле убиени и неколку цивили. Настрадал и Владо Черноземски. Тогаш неговиот идентитет не бил познат, па затоа за време на судската постапка и истрагата најголемо внимание се посветувало на хрватската усташка организација и нејзината вмешаност. При обдукцијата и прегледот кај Черноземски биле пронајдени пиштоли „Маузер“ и „Валтер“ и бомба. На десната рака имал тетоважа „ВМРО“, череп, вкрстени коски и паролата „Слобода или Смрт“. Се верува дека бил убиен од соучесникот Мијо Крал, нешто кое било однапред договорено доколку Владо бил фатен.
Одекот во светот и симболиката на настанот
Смртта на кралот Александар била ударна вест низ целиот свет. Потчинетите елементи на Југославија, а меѓу нив и Македонците, го покажале своето незадоволство. ВМРО, иако тогаш веќе била расформирана, покажала дека нејзината рака нема граници.
Маици
Дуксери