Патриотски приказни
Машкост кај децата
Модерните вредности на Западниот свет нѐ учат дека машкост како особина (masculinity) е токсична. Дека момчињата треба повеќе да ги воспитуваме како девојчиња; дека наместо да си играат со пушки и фигури од војници, треба да си играат со барбики; дека треба постојано да живеат со чувство на вина поради тоа што се мажи, бидејќи мажите го прават светот небезбеден за жените – односно најдобро е да развијат женствени особини и да му направат услуга на светот.
Последиците од погрешното воспитување
Таквата нова генерација на мажи, воспитувани во духот на либерализмот и феминизмот, кои ја отфрлаат секоја особина на машкост, се најлошата и најбезвредна генерација на мажи и луѓе во историјата.
Тие се емоционално нестабилни, постојано се во состојба на душевна болка, немаат никакво чувство на одговорност кон себе и оние околу нив, се откажуваат при најмала тешкотија и целосно се препуштаат на задоволствата и нихилизмот, не придонесувајќи ништо за семејството, другарите, заедницата.
Тие се во постојан конфликт со самите себе и општеството.
Не знаат да ги контролираат своите нагони, не знаат правилно да располагаат со своите средства, никој не може да најде потпора во нив бидејќи се неодговорни.
Потребата од машки идеали
Секој маж има потреба од некакви идеали кон кои ќе се стреми, доколку не сака да ја загуби смислата на животот и да го помине времето безвредно, исполнето со депресија.
Секој маж мора да има цел во животот – вистинска, долгорочна цел – за да го задржи психичкото здравје.
Мора да се надоградува, да учи и да прави нешто значајно.
Улогата на семејството и воспитувањето
Машките деца уште од најрана возраст мораат да бидат воспитувани во тој дух, да ги учат моралните вредности од своите родители – не избрзано, што ќе создаде реакција и спротивен ефект, туку внимателно, потсвесно, преку пример.
Ако детето има татко кој е човек од должност, олицетворение на чест, кој се грижи за семејството и не го лишува детето од татковска љубов и поуки, се намалуваат шансите детето да стане отпадник.
Да ги учиме младите на доблест
Да ги учиме младите на тоа што е правилно, чесно и полезно.
Да учат од големите херои од минатото, кои зрачеле со херојство и беспрекорен морал, наместо да се угледуваат на никаквеци и дегени.
Еден ден ќе бидат благодарни за тоа што се стекнале со идеали и цел од најмала возраст.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери