Патриотски приказни
Национализам
Во ова време на масовна дегенерација нема поблагородна изјава од „Да, јас сум националист!“.
Што значи тоа? Тоа значи дека го ставаш доброто на своето пред доброто на другото – својата фамилија пред другите фамилии, својот народ пред другите народи, својата раса пред другите раси.
Таквиот пристап не потекнува од омраза кон другите, туку од љубов кон своето. Секој го практикува овој принцип во различна форма, но бруталната пропаганда против национализмот на која сме сведоци од најрана возраст доведува до тоа многумина да се плашат да се поистоветуваат со него.
Национализмот како љубов, не омраза
Зар љубовта и бескрајната посветеност кон оние кои нѝ се блиски, кои ги сакаме, е злосторство?
Зар е толку чудно еден човек да посакува да биде опкружен од луѓе кои му се блиски, со кои споделува ист јазик, иста култура, ист менталитет?
Македонците – такви какви што сме – се мој народ, моја крв. Ако сум во Америка и чујам како некој зборува шпански јазик, тоа нема никако да влијае на мене. Но доколку ненадејно чујам македонски јазик, таа невидлива врска која постои помеѓу мене и моите сонародници веднаш ќе пламне.
Не е важно дали сме се познавале од претходно со тој Македонец – во моментот кога ќе се најдеме далеку од својата земја ние сме браќа, бидејќи ние сме си „наши“ во морето од туѓинци.
Повик кон солидарност и заедништво
Замислете да постои таква кохезија и солидарност во секојдневниот живот: тоа е повикот на националистот.
Не го цениме тоа што го имаме, сѐ додека не го загубиме. Повеќето од нас немаат време или интерес да видат што се случува во некои мултиетнички средини и да извлечат поуки од нив.
Не сакам да дојде ден кога маалото во кое сум растел повеќе нема Македонци; училиштето во кое сум учел да има само неколку македонски дечиња, кои се практично туѓинци помеѓу останатите; во автобусите во мојот град да се слушаат само неразбирливи разговори на туѓ јазик.
Неолибералите секогаш плачат за тоа колку е лошо и страшно да си малцинство: тогаш зошто ме осудуваат поради тоа што не сакам моите да се во таква незавидлива состојба?
Ако ве обвинат дека сте националист, не се правдајте и не рационализирајте. Прифатете го тоа со гордост и знајте дека правите нешто добро.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери