Идеологија, Политика

Националсоцијализам и фашизам: десни или леви?

Националсоцијализам фашизам

Во политичкиот дискурс често се повторува една тема: дали националсоцијализмот (понатаму во текстот НС) и фашизмот (понатаму ФА) се десничарски или левичарски идеологии? Левичарите ќе кажат дека НС и ФА се десничарски, приложувајќи свои аргументи и со тоа демек нанесувајќи им морален удар на десничарите; десничарите на ист начин и со иста цел ќе кажат дека тие две идеологии се левичарски; некои националисти, кои симпатизират со НС и ФА, но со површни разбирања, самите ќе кажат дека тие идеологии се дел од десниот политички спектрум.
Сите погоре наведени, поради пристрасност, за сопствени цели или поради неинформираност, споделуваат фактички погрешно гледиште.

Историски извори и идеолошка основа

Покрај сета цензура, денес на интернетот има бесплатен достап до ОБЕМНА НС/ФА литература, илјадници трудови со потекло од минатиот век, напишани од идеолози од разни нации. НС во најголем дел се сврзува со Германците и ним сродни германски народи, а ФА движења и партии имало во секоја европска држава и низ Азија и Америка. Со оглед на тоа, се појавиле разни ФА програми со локални специфичности, понекогаш меѓусебно спротивставени со тие на соседните ФА движења, меѓутоа сите тие почивале на иста основа, за што сведочат сите идеолошки материјали од минатиот век изработени од самите тие движења.

Надвор од класичниот политички спектар

Во основа, НС и ФА не се ниту десни, ниту леви; ниту капиталистички, ниту комунистички. Тие две идеологии ги презирале слабите безидејни десничарски партии и меѓународниот капитализам (за ова има бројни докази од НС и ФА книги и брошури) и многу повеќе споделувале социјалистички идеи, но го мразеле и биле најжестоки непријатели на комунизмот, исто така меѓународна идеологија која повикува на класен судир и спречува национално заедништво.

Национален револуционизам

НС и ФА со комунистите споделуваат револуционерен радикализам, а со конзервативците споделуваат национализам и почит кон редот и авторитет.
Тие се алтернатива на тие две опции — претставници на национален револуционизам спротивставен на конзервативците, но и спротивставен на комунистичките социјални поделби подеднакво колку и на социјалните неправди.

НС и ФА се ТРЕТОПОЗИЦИОНЕРИ, надвор од спектарот десно-лево, со кој не се идентификувале и нивно вметнување во него е погрешно.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *