Идеологија

Генерација подготвена за минато време

нова Студена војна

Постојано има некакви превирања низ светот, а од претседателската трка во САД – односно периодот 2015-16 – културната војна во западниот свет достигнува климакс и се случува политизацијата на секое поле на општествениот живот. Повеќе нема неутралност, а секој е приморан да заземе став за политичките прашања, најчесто во неолиберална форма, бидејќи во спротивно се соочува со прогон и острацизирање.

Културната војна и крајот на политичката неутралност

Од 2020 год. со Ковид кризата гледаме засилено зголемување на ироничниот авторитаризам на западните либерални демократии, а од руската инвазија врз Украина – со тоа и дефинитивниот почеток на нова Студена војна – и засилена милитаризација во светот. Ескалацијата во израелско-палестинскиот конфликт од лани дополнително ги вжешти веќе врелите односи помеѓу светските сили, а во последно време сме сведоци на толку многу промени и настани што е веќе тешко сите да се следат (хаос низ Блискиот Исток, пучеви во Африка, тензии во Косово и БиХ, тензии помеѓу двете Кореи, помеѓу Кина и Тајван, ред други локални конфликти и граѓански војни).

Глобална нестабилност и почеток на нова Студена војна

Ако по утрото се познава денот, тогаш оваа 2024 год. ќе биде година на предизвици. САД и сојузниците започнаа со воздушни напади врз Јемен, како одговор на јеменските напади врз комерцијални бродови поврзани со Израел кај Црвеното Море; терористички напади во Иран; Иран изврши ракетни напади врз наводни израелски шпионски центри во Ирачки Курдистан и Сирија; во Еквадор започна војна помеѓу државата и нарко-картелите; откриени тунели ископани од Евреи под Њујорк; Република Српска се заканува со отцепување; ДУИ-албанскиот терор во Македонија станува сѐ посмел; и многу други нешта.

Оваа година ќе има многу претседателски и парламентарни избори низ светот, а главното внимание е кон САД, каде што ќе се бира претседател: ако научивме нешто од тие во 2016 и 2020, тоа е дека можеме да очекуваме вистинско шоу, а последиците ќе бидат почувствувани низ целиот свет.

Британскиот секретар за одбрана Грант Шапс вака ја опиша состојбата во која се наоѓаме: “Се наоѓаме во зората на нова ера… минувајќи од повоен кон предвоен свет. Стари непријатели се возобнуваат. Нови противници се обликуваат… основите на светскиот поредок се разнишани до срж.”

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD