Патриотски приказни
Одбрана на своето
Волјата за одбрана на своето повеќе спречува, отколку што создава судири. Дом без никаква заштита – ограда, ѕид, врата – е многу поверојатно да биде мета на престапници отколку дом со заштита. Детето кое не знае да се брани е многу поверојатно да биде жртва на насилници отколку детето кое знае боречки вештини. Историјата е доказ дека теоријата на одвраќање е вистинита: две страни нема да извршат напад една на друга доколку знаат дека во случај на судир шансите за успех се мали, а последиците тешки.
Недостигот од црвена линија
Две децении Македонците патат во „сопствената држава“ поради тоа што не знаат да постават црвена линија. Нашите противници упорно притискаат и земаат сѐ повеќе, бидејќи знаат дека не ги очекува никаков отпор: лавот одамна си замина од овие простори и настапи анархијата на хиените. Многумина не разбираат, но таквата анархија се одразува на секојдневниот живот: на квалитетот на државните институции, на безбедноста, на потенцијалот за економски и социјален напредок. Едно општество постојано попречувано од беззаконието на одредени елементи, кои го трујат секој негов сегмент, не може да се надева на напредок.
Неуспехот на лажниот прогрес
Оние кои се сметаат за „прогресивни“ ќе речат дека национализмот не е решението. Видовме што донесе нивниот космополитизам и нивните отстапки. Македонците се разоружаа и со отворени раце пристапија кон ѕверот, надевајќи се дека ѕверот ќе ја заборави својата природа и ќе го омекне своето срце. Но тоа што се случи беше максимално и непречено дивеење на ѕверот. Кога тој виде дека никој не се ни обидува да го спречи, неговиот апетит се зголеми и продолжува да се зголемува.
Враќањето на лавот
Токму национализмот е решението. Челичната волја и силниот дух кој тој ги создава се најсилното оружје против анархијата. Доволно е лавот да се врати за хиените да се разбегаат. Тој со самата појава ќе внесе страв во нивните срца, а следниот пат ќе размислат пред да го предизвикаат. Кога ќе прекине беззаконието на хиените ќе започне напредокот. Но тоа нема да се случи со молење да престанат да бидат тоа што се, туку со нивно скротување. Време е за враќањето на лавот.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери