Патриотски приказни
Охридска архиепископија – формирање и улога
Охридската архиепископија претставува прва словенска православна црква која дејствувала на голем дел од Балканскиот Полуостров. Поновата теорија за нејзиното настанување тврди дека таа е идентична со Архиепископијата Јустинијана Прима, основана од царот Јустинијан I во 535 година. Во својата 11. новела, светиот цар Јустинијан ѝ дал црковна самостојност, а под нејзина јурисдикција ги ставил следниве области: Dacia Mediterranea, Dacia Ripensis, Mysia Secunda, Dardania, Praevalitana, Macedonia Secunda и еден дел од Pannonia Secunda.
Потекло и канони
Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава, е организирана Охридската автокефална архиепископија. Свети Климент Охридски бил хиротонисан за епископ на Дремвицко-величката епархија во 893 година, која ја опфаќала територијата на денешна Македонија. Царот Самуил ја издигнал архиепископијата во ранг на патријаршија, а седиштето го преместил во Охрид. За прв патријарх, околу 1000 година, бил поставен Филип. По пропаста на Самуиловата држава во 1018 година, византискиот император Василиј II ја симнал на понизок ранг – архиепископија, но ги потврдил нејзината автокефалност и независност од Цариградската патријаршија.
Епископии
До 1018 година, Охридската архиепископија броела 23 епархии, а по територијалните промени нивниот број се намалил на 15. Архиепископијата опфаќала епархии на македонско, српско, бугарско и албанско тло. Во првите два века под османлиска власт, на охридските архиепископи им биле потврдени старите и признаени дополнителни привилегии од страна на султаните.
Врски со државноста
Охридската архиепископија постоела цели осум века, сè до 1767 година, кога била неправедно укината од страна на султанот Мустафа III, а нејзините епархии биле присоединети кон Цариградската патријаршија. Укинувањето значело крај на словенската црковна автономија на Балканот и зајакнување на грчкото црковно и културно влијание во регионот.
Маици
Дуксери