Патриотски приказни
Операција „Слобода за Ирак“
Операција „Слобода за Ирак“ започна на 20 март 2003 година, предводена од САД и новоформирана коалиција со цел да се собори режимот на Садам Хусеин и да се елиминира заканата од оружје за масовно уништување кое наводно го поседувал Хусеин. Оваа операција е дел од глобалната војна против тероризмот. Веднаш по терористичките напади на 11 септември 2001 година, американската надворешна политика се насочи кон превентивни воени акции. Ирак беше обвинет дека крие оружје за масовно уништување и дека соработува со терористички организации. Покрај САД, во операцијата учествуваа и Велика Британија, Австралија, Полска и многу други држави. Иако не сите поддржаа воена интервенција, беше формирана коалиција која влезе во Ирак без одобрение од Советот за безбедност на ОН.
Придонес на Македонија
И Македонија даде свој придонес во оваа мисија. Од 2003 година, припадници на АРМ беа дел од мисијата во Ирак како поддршка на коалициските сили. АРМ беше присутна во Ирак сè до 2008 година. Македонските војници беа оценети како високо професионални и имаа значајни акции во текот на овие пет години.
Почетната инвазија траеше само неколку недели, и набргу беше соборен режимот на Садам. Тој беше уапсен во декември 2003 година, а подоцна и осуден на смрт и погубен во 2006 година. Поради оваа инвазија Ирак влезе во хаотичен период кој траеше со години, а последиците се чувствуваат и денес. Безбедносната нестабилност, вакумот на чело на државата и религиозните и етнички конфликти доведоа до граѓанска војна и растот на Ал-Каеда во Ирак, претходничката на ИСИС.
Крај на мисијата и последици
При крајот на деценијата започна повлекувањето на американските сили. Со одлука на претседателот Барак Обама, операцијата официјално заврши на 18 декември 2011 година, со повлекување на последните борбени единици. И покрај крајот на мисијата, Ирак остана нестабилен.
Во наредните години, токму од оваа нестабилност произлезе Исламската држава (ИСИС), која повторно ја врати меѓународната коалиција под ирачкото сонце. Операцијата „Слобода за Ирак“ се смета за една од поконтроверзните воени интервенции во поновата историја. Не беа пронајдени оружјата за масовно уништување кои беа меѓу главните причини за војната. Последиците од интервенцијата се чувствуваат на Блискиот Исток до денешен ден, а Ирак, иако во подобрена ситуација, сè уште е држава чија кршлива стабилност виси на конец.
Маици
Дуксери